Јапонец ќе добие рекордна отштета откако се докажа дека е невин, по 56 години поминати в затвор

Јапонец ќе добие рекордна отштета откако се докажа дека е невин, по 56 години поминати в затвор

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Јапонец треба да добие повеќе од 200 милиони јени бидејќи неправедно бил осуден на доживотен затвор во 60-тите години.

Во 1968 година 32-годишниот Ивао Хакамата (поранешен боксер) бил прогласен за виновен за убиство на својот шеф, сопругата на неговиот шеф и нивните две малолетни деца, откако нивната семејна куќа била запалена.

Сега, на возраст од 89 години, тој треба да добие 217 милиони јени - што е еднакво на 1,45 милиони долари, или 25.892 долари за секоја година што поминала пред да биде ослободен за нивното убиство.

Иако оваа бројка не ја оправдува доживотната затворска казна, сепак е рекордна исплата за кривично дело во Јапонија. Хакамата долго време ја тврдел својата невиност, но жалбата за повторно судење била одбиена во 1980 година, додека неговата втора жалба била поднесена во 2008 година од страна на неговата сестра Хидеко Хакамата, која сега има 91 година.

Сепак, дури во 2014 година судијата наредил да се одржи повторно судење, со нови докази кои сугерираат дека неговата осуда можеби е заснована на измислени обвиненија од истражителите. Иако не бил ослободен, Хакамата можел да ја отслужи казната дома поради лошата здравствена состојба, а органите на прогонот констатирале дека неговата возраст значи дека има мал ризик за бегство.

Во септември минатата година стотици луѓе присуствувале на неговото сослушување во Шизуока, крајбрежен град на еден час од Токио, каде што судијата донел одлука да биде ослободен - на голема радост на толпата. За жал, Хакамата не можел да присуствува на неговиот судски случај поради влошена ментална состојба.

Watch on TikTok
Главна точка на дискусија за аргументирањето на неговата невиност била облеката обоена со крв, која истражувачите тврделе дека Хакамата ја носел за време на злосторството и ја сокрил во резервоар со ферментирана паста од соја.

Сепак, адвокатите на одбраната и претходните одлуки за повторното судење истакнале дека примероците од крвта не се совпаѓаат со ДНК на Хакамата.

Во меѓувреме, панталоните што обвинителите ги доставиле како доказ рекле дека се премали за Хакамата и не одговарале кога тој ги пробал.

И покрај овие докази дека тој не го убил својот шеф, во мај минатата година обвинителите побарале да се спроведе смртна казна, што довело до тоа критичарите да се запрашаат дали системот има потреба од реформи.

Но, на 26 септември тој бил ослободен откако судот го прогласил за невин.

Извор: unilad.com

Фото: TikTok screenshot