Две бронзи за наши репрезентативци на Балканската математичка олимпијада
Со два бронзени медали се закити македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада што до денеска се одржа во Кишинев, Молдавија. Лука Грашкоски, ученик во втора година во гимназијата „Нова“, и Ќендреса Селими од приватната гимназија „Јахја Кемал“ од Скопје ќе се вратат со бронза. Во шестчлениот тим учествуваа и: Михаела Хаџиска, Анастасија Тортевска, Христина Митреска и Алек Јармов, а нивни ментори беа професорите Даниел Велинов и Самоил Малчески.