Најдобро скриената атракција во Амстердам
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Мачките не обожаваат вода, но оние во „Де Поезенбут“ изгледа се среќни иако живеат во куќа на вода.
„Де Поезенбут“, што може да се преведе како „Брод на мачки“, е единственото засолниште за мачки во светот што плови на вода. Основано е во 1968 година од страна на Хенриет ван Вилд. Бродот се наоѓа во Амстердам и во него живеат околу 50 мачки, од кои 14 се постојани жители. Во моментов бродот не е отворен за јавноста, но оние што сакаат да посвојат мачка може да договорат состанок.
Приказната за засолништето започнала во 1966 г. кога Хенриет нашла семејство од мачки што се засолниле под дрво веднаш до нејзиниот дом. Таа одлучила да ги земе, а набрзо нашла и друга мачка, а потоа уште една и уште една. Потоа луѓето почнале да ѝ носат мачки за кои повеќе не можеле да се грижат, па нејзиниот дом станал премногу мал за сите мачки.
Така Хенриет се сетила да купи брод и да го направи дом за мачките. Сега ѝ помагаат и други жители на Амстердам во одржувањето на бродот и грижата за мачките. Во 1971 г. Хенриет купила уште еден брод за мачки, но во 2006 едниот брод морал да биде отстранет по наредба на властите.
Вториот брод е
отворен за јавноста неколку часа дневно. Главната цел на засолништето останува - да се води грижа за мачките и да им се најде дом.
Автор: Неринга Утараите
Извор:
boredpanda.com
Фото: Instagram