Најголемите американски универзитети ќе загубат најмалку 1,7 милијарда долари поради пандемијата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Економската штета од пандемијата на коронавирусот што се очекува да ја забележат најголемите десет
универзитети во САД изнесува 1,7 милијарда долари.
Фото: Pixabay
Според универзитетите, загубите ќе се зголемуваат во месеците што следуваат. Доколку универзитетите не успеат да го реализираат есенскиот семестар, следната фискална година ќе биде исто толку лоша или полоша. „Форбс“ состави листа од калкулациите направени од универзитетите за нивните очекувани загуби поради коронавирусот.
Универзитет на Индијана - 85 милиони долари
Државен универзитет во Мичиген - 60 милиони долари
Северозападен универзитет - 25 милиони долари само во пролетниот семестар
Државен универзитет во Охајо - 35 милиони само во одредени сегменти
Државен универзитет во Пенсилванија - 260 милиони долари
Универзитет „Ратгерс“ - 200 милиони долари
Универзитет на Илиноис - 71 милион долари
Универзитет на Ајова - 76 милиони долари (и дополнителни 70 милиони долари за неговата болница)
Универзитет на Мериленд - 80 милиони долари
Универзитет на Мичиген - од 400 милиони долари до 1 милијарда долари за сите три кампуси
Универзитет на Минесота - до 300 милиони долари
Универзитет на Небраска - најмалку 50 милиони долари
Универзитет на Висконсин - 100 милиони долари
Фото: Pixabay
Како и сите други факултети и универзитети, најголемите десет универзитети во САД ќе добијат финансиска помош во рамките на пакетот вреден 14 милијарди долари наменети за високообразовните институции. За овие десет институции се предвидени 425 милиони долари финансиска помош, но само околу половина од тоа може да им се додели на институциите, додека другата половина е наменета за студентите.
Автор: Мајкл Т. Ницел
Извор:
forbes.com