Дали сте слушнале за правилото од пет часа?

Дали сте слушнале за правилото од пет часа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Интелектуалниот капитал е човечки капитал. Во основа се развива со читање книги и информирање. Познато е и како „правило од пет часа“ кое го применуваат најуспешните луѓе.

Целта на правилото од пет часа е откако ќе си дојдете дома од работа, вие сте толку ментално исцрпени што не можете да се фокусирате, па се препорачува тогаш да читате книги за да научите нешто ново. И тоа пет часа во текот на неделата.

Интелектуалниот капитал секогаш ќе биде пред финансискиот капитал бидејќи интелектуалниот капитал се базира на интуитивните човечки вештини, додека финансискиот се базира на пазар кој зависи од моментот и е полн со неизвесност.

Интелектуалниот капитал ви дава перспектива. Да се биде личност со компетентен ум е подобро отколку да се биде човек со ниски вредности.

правило
Фото: Pixabay

Дисруптивната иновација ќе биде клучна компонента на иднината. Професорот Клејтон Кристенсен од „Харвард“ ја дефинира како процес со кој производот или услугата почнува како едноставна апликација на дното на пазарот и расте додека не ја уништи конкуренцијата.

Автоматизираниот возен парк наскоро ќе биде една од најголемите иновации од минатиот век, автомобилот. Виртуелната и зголемената реалност ќе го нарушат концептот на одење на концерт или играње голф.

Вештините во блиска иднина ќе дефинираат нечија работа, а не степенот на образование. Интелектот на човек ќе го дефинира неговото унапредување, а не неговото искуство и колку години поминал во компанијата. Светот се менува брзо и ние треба да се менуваме со него, а не да станеме дел од историјата.

Како што светот напредува, знаењето станува вредно. Знаењето станува нови пари. Она што сте го научиле од вашите родители, предци или ментори, станува повредно од сè што научивме денес.

Извор: Bizlife