12 знаци дека ви е уморна душата, а не телото

12 знаци дека ви е уморна душата, а не телото

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога луѓето се чувствуваат исцрпено, првиот инстинкт им е да ја проверат здравствената состојба. Меѓутоа, причината за исцрпеноста не треба секогаш да се бара во телото затоа што и душата може да биде уморна. Мислите за вашата иднина ви оставаат чувство на преплашеност и несигурност.

Кога душата е исцрпена, вие немате јасна слика за иднината, вашата насока за иднината. Без замисла за тоа каде одите и што правите за да стигнете, ќе лутате бесцелно. Тоа може да предизвика голема непријатност. Мислите за иднината и за она што следува често се неодоливи и застрашувачки кога не ви се прават планови.

Исцрпеноста на душата се случува кога не успеваме правилно да се грижиме за себе на духовно ниво. Тоа е слично како грижата за банкарската сметка, која е во рамнотежа ако од неа не земаме повеќе отколку што ставаме. Кога станува збор за душата, таа станува исцрпена кога ги занемаруваме нејзините потреби и можеме да очекуваме да ни се случи своевиден душевен банкрот.

Симптоми што може да покажуваат на исцрпеност на душата

Физички симптоми како необјасниви болки - Често кога размислуваме за прашањата на душата, забораваме дека секој аспект од нашето битие е поврзан. Затоа борбите на срцето и душата можат да се одразат на физички начин. Тоа вклучува и чувство на болка и напнатост, вртоглавица, мачнина, замаглен вид, главоболки и мигрени, необјасниви болки...

Благ напад на паника - Кога душата е исцрпена, настојуваме да најдеме мир во тој мрачен збунувачки и предизвикувачки свет. Тоа може да доведе до поинтензивно чувство на тегоби. Изненадниот напад на хронична анксиозност може да доведе до благ напад на паника, често без предупредување или јасно објаснување.

Послабо поднесување на какви било проблеми - Животот постојано поставува предизвици на нашиот пат, а ние во нормални околности имаме доволно сила да се соочиме со нив. Меѓутоа, кога душата е уморна, се чувствуваме послаби и пооптоварени. Тогаш и соочувањето со најмалиот проблем ни изгледа како да сме во арена со лавови.

Несоница - Навечер се чувствувате немирно и не можете да го смирите умот, па затоа не можете да заспиете. Ако сепак успеете да заспиете, имате интензивни и реалистични соништа, па дури и кошмари.

Без оглед на тоа колку сте спиеле, повторно се чувствувате исцрпено - Добриот ноќен сон многу им помага на телото и на умот, но кога душата е исцрпена, ни сонот не помага. Дури и кога ќе успеете да заспиете, се будите уморни како воопшто да не сте спиеле.

Негативно чувство на горчина, лутина или љубомора го контролира твојот ум
- Сè околу нас е создадено и контролирано од енергијата што ја чувствуваме. Кога душата е уморна, веќе не работи на тоа да управува со оваа енергија во нашите животи. Како резултат на тоа, расте негативната енергија. Тоа предизвикува токсични чувства, вклучително и лутина, фрустрации, горчина, завист и љубомора. Борете се против тие чувства затоа што се разорни.

Длабоко чувство на осаменост - Многу лица што доживуваат исцрпеност на душата ќе се чувствуваат отуѓени од пријателите и членовите на фамилијата. Тоа нема да биде физичка оддалеченост, туку ментална, емоционална и духовна.

Дезориентираност - Кога душата е уморна, одеднаш може да се чувствувате одделено, како да не сте во согласност со светот. Може да имате чувство како вашите ум, тело и душа да не се во согласност. Тоа чувство најдобро е опишано како дезориентираност и може да го отежни понатамошниот напредок.

Физичка исцрпеност
- Ова е збунувачка точка за оние што се обидуваат да ја сфатат разликата помеѓу физичката и духовната исцрпеност. Често духовната исцрпеност всушност предизвикува физичка исцрпеност и лицето се чувствува исцедено и демотивирано.

Збунетост - Ако некој ве праша како се чувствувате, не успевате да одговорите бидејќи не можете да го опишете тоа. Всушност, не сте сигурни што чувствувате.

Мислите за иднината предизвикуваат страв и несигурност - Кога душата е исцрпена, се чувствувате бесцелно, а мислите за иднината се застрашувачки.

Емоциите и чувствата се поинтензивни од кога било - Има луѓе што се многу чувствителни и емотивни и секое искуство го преживуваат длабоко и без воздржување, додека други подобро знаат да управуваат со своите чувства. Меѓутоа, ако душата е исцрпена, дури и оние со најголема контрола ќе бидат преплавени од емоции.

Фото: Pixabay

Што можете да направите?

Иако не постои сигурност дека можете да ја избегнете исцрпеноста на душата, бидејќи тоа е состојба која повремено нè погодува, постојат чекори што може да ги преземете. Тоа ќе ви помогне да се одморите, закрепнете и повторно да ја наполните душата со енергија.

- Медитацијата ќе ви овозможи смирување на умот и намалување на стресот и негативното влијание на животот.

- Помага и чистењето на домот бидејќи тогаш престојот во него ќе ви даде чувство на сигурност и удобност.

- Исто така, еден од ефикасните начини е искрен и длабок разговор со добар пријател и психотерапевт.