Денеска почнува вселувањето во ученичките и во студентските домови, има слободни места

Денеска почнува вселувањето во ученичките и во студентските домови, има слободни места

Под посебни ковид-протоколи, денеска почнува вселувањето на учениците и студентите во државните домови. Сите студентски домови во Скопје по протокол имаат 2.080 легла, а примени се вкупно 1.614 студенти, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ викендов.

- Да не заборавиме дека имаме и резервна листа, тоа го кажувам за да нема забуна кај студентите. Ако некој факултет ја промени одлуката и наместо онлајн одлучи да држи настава со физичко присуство, оставаме можност да ги примиме студентите кои добиле места во домовите затоа што ги исполнуваат критериумите, рече Царовска.

Вкупниот капацитет на Државниот студентски дом - Скопје е 1.396. По списоците објавени на 1 октомври во објектите на ДСД треба да се вселат 1.165 студенти, вели Дарио Николовски, директор на ДСД.

Според податоците на Николовски, еднокреветна соба во „Кузман Јосифовски-Питу“ чини 3.495 денари месечно, а 3.345 – двокреветна. Во „Гоце Делчев“ – еднокреветна е 3.645, а двокреветна – 3.445. Во „Стив Наумов“ (зграда 3) - еднокреветна изнесува 3.595 денари, а двокреветна 3.445.

- Очекувам поддршка и почитување на протоколите од страна на студентите бидејќи се работи за здравјето на сите нас. Според протоколите, во секоја соба во која има две легла ќе се сместува само по едно лице, а во собите со повеќе легла максимум до две лица. Исто така, мензите ќе работат под посебни протоколи, односно масите ќе бидат поставени на соодветно растојание и ќе биде дозволено седење на најмногу две лица на маса - рече Николовски.

Од посетата на Царовска во студентскиот дом „Кузман“, заедно со директорот на ДСД, Николовски

Тој објасни дека компанијата „Алкалоид“ донирала средства за дезинфекција во вредност од 5 милиони денари, со што ќе се покрие речиси цела учебна година. 

Во училишните домови се примени 1.193 ученици. Согласно новите протоколи, слободни места има за 1.058 ученици. Вишокот од 135 ученици за Скопје се распоредени во студентскиот дом „Сениќ“, а 73 ученици кои се од Битола и Струмица, исто така, ќе добијат можност да патуваат до своите места или да се сместат согласно новите законски измени што се во Собраниетo.

До 10 октомври е отворен повикот за доделување еднократна финансиска поддршка за плаќање дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување. 

Директорот на Државниот студентски центар- Скопје, Дарио Николовски, истакна дека студентските домови се подготвени да отворат во услови на пандемија, но со намален капацитет. 
„Очекувам поддршка и почитување на протоколите од страна на студентите, бидејќи се работи за заедничкото здравје на сите нас. Според протоколите во секоја соба во којашто има две легла ќе се сместува само по едно лице, а во собите со повеќе легла максимум до две лица. Исто така, мензите ќе работат под посебни протоколи, односно масите ќе бидат поставени на соодветно растојание и ќе биде дозволено седење на најмногу две лица на маса“, рече Николовски.
Тој објасни дека компанијата „Алкалоид“ донирала средства за дезинфекција во вредност од 5 милиони денари, со што ќе се покрие скоро цела учебна година.