Кафе наспроти зелен чај - што е поздраво?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Веројатно секој ден го започнувате со шолја кафе. Но сè повеќе луѓе ја напуштаат оваа навика и го започнуваат денот со шолја зелен чај. Дали има разлика во здравствените поволности помеѓу кафето и зелениот чај?
Докторката Фелиша Столер објаснува дека кафето и зелениот чај се многу различни во однос на структурата, флавоноидите и антиоксидансите. Главната предност на двата пијалаци е кофеинот, а начинот на кој телото реагира на кофеинот може да направи разлика. На пример, доколку немате негативни
последици од консумирањето кофеин, а имате гастроезофагеална рефлуксна болест, односно имате враќање на желудочна киселина од желудникот во хранопроводот, зелениот чај е подобар избор за вас.
Фото: Pixabay
Според Столер, во ред е кој било од овие пијалаци да се пие редовно, но треба да го одберете оној на кој вашето тело реагира подобро. Како што вели таа, совршено би било доколку луѓето ги консумираат двата пијалаци бидејќи така би внесувале различни видови антиоксиданси и фотонутритиенти.
Според експертите, кафето има многу антиоксиданси што може да помогнат во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест и некои видови рак. Кофеинот од кафето е одличен избор тогаш кога ви треба енергија и помош да се фокусирате.
Од друга страна, зелениот чај е подобар за релаксација и посуптилно ви дава енергија. Во него има полифеноли што се добри за борбата против ракот, помага во согорувањето на маснотиите, намалувањето на холестеролот и зајакнување на метаболизмот. Освен тоа, заштитува и од потенцијални болести како деменција, Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест и го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар.
Фото: Pixabay
Во зелениот чај има и антиоксиданси што му помагаат на телото да се детоксифицира и да се бори против воспаленијата. За зелениот чај е познато и дека ја намалува анксиозноста и го зголемува лачењето на допаминот.
Доколку се одлучите да се префрлите од кафе на зелен чај или обратно, може да забележите промени. Префрлањето од зелен чај на кафе може да ве направи повознемирени од обично, а промената од кафе на чај може да резултира во симптоми на откажување од кофеин, како главоболка, умор, проблеми со концентрација, болка во мускулите и гадење.
Овие симптоми може да траат до 9 дена или повеќе доколку сега консумирате многу кофеин. Зелениот чај има една третина од количината на кофеин што ја има во кафето.
Автор: Тарин Пајр
Извор:
purewow.com