„Гугл“ наскоро ќе ве известува кога вашите лични податоци се во резултатите од пребарувањето

„Гугл“ наскоро ќе ве известува кога вашите лични податоци се во резултатите од пребарувањето

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Од следната година „Гугл“ ќе може да ве известува доколку вашите лични податоци, како бројот на телефонот, електронската адреса или домашната адреса, се прикажуваат во резултатите од пребарувањето.

„Гугл“ почна да воведува алатка која им овозможува на луѓето лесно да поднесат барање за отстранување на резултатите од пребарувањето во кои ги има нивните лични податоци. Опцијата стана достапна за некои корисници минатата недела.

„Гугл“ објави дека на почетокот од следната година новата опција ќе им биде достапна на сите корисници. Треба да се посочи дека „Гугл“ ќе ги отстранува резултатите, но не и содржината на самата веб-страница. Информациите и понатаму ќе седат на веб-страницата на која се наоѓаат, но на луѓето ќе им биде потешко да ги најдат.

„Гугл“ веќе одреден период им овозможува на луѓето да побараат отстранување на ваквите резултати, но компанијата сега работи на тоа да го направи овој процес полесен. Новата алатка „Резултати за вас“ треба да ви овозможи означување на резултатите со личните податоци со неколку допири наместо да барате посебно барање од „Гугл“.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay