Психолог со предупредување за сите што ја гледале серијата за браќата Менендез на „Нетфликс“

Психолог со предупредување за сите што ја гледале серијата за браќата Менендез на „Нетфликс“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во првите четири дена од објавувањето 12,3 милиони луѓе ја гледаа серијата „Чудовишта: Приказната за Лајл и Ерик Менендез“.

Сега експерт издава предупредување до сите што станаа зависни од контроверзната крими-драма базирана на вистинска приказна.

За оние што не знаат која е серијата, драмата ја раскажува приказната за вистинските браќа Менендез кои во 1989 година ги убиле своите родители Хозе и Кити Менендез, по долгогодишната емоционална и физичка злоупотреба, како и сексуална злоупотреба што ја доживувале од нивниот татко.

Лајл и Рик ги застрелале своите родители од непосредна близина со пушка во нивниот дом во Лос Анџелес.

Дури откако полицијата успеала да го открие признавањето снимено на лента што Ерик подоцна му ја дал на својот терапевт, браќата завршиле зад решетки.

Серијата, која ги подели гледачите, раскажува за убиствата и за судскиот случај, кој станал национална сензација. Но, во деновите откако се појави серијата, голем дел од гледачите не само што ги нападнаа продуцентите за неточни податоци, туку се приклучија и на разни онлајн кампањи за ослободување на браќата, кои се зад решетки повеќе од 30 години.

Но, според еден експерт, гледачите може да имаат катастрофални ефекти од овој исклучително чувствителен криминален случај.

Д-р Џулија Шо ја посвети својата работа на психологијата и има спроведено важно истражување за криминалното однесување, како и потенцијалот за инхерентното зло да диктира фатални одлуки. Д-р Шо обвинува за сензационализирање на случаи од реалниот живот, а токму тоа се прави со новата серија за браќата Менендез.

Д-р Шо признава дека и таа ужива во таквите серии и емисии, но до одреден степен.

- Сакам драма. Добрата и лошата работа во драмата е што можете да длабоко да навлезете во тоа зошто се случило едно злосторство. Лошата работа е што овие серии го сензационализираат криминалот - вели таа.

Всушност, таа ги предупредува оние што планираат да ја гледаат серијата, како и оние што веќе се вклучија во контроверзната дебата околу ослободувањето на браќата.

 

Таа тврди дека серијата има потенцијал да влијае врз начинот на кој гледачите размислуваат за глобалните судиски системи кои моментално се во сила за казнување на убијците, така што ги повика сите таканаречени „детективи од фотелја“.
 
- Мислам дека креаторите на сериите и емисиите во кои е претставен вистински или измислен криминал имаат апсолутно влијание врз начинот на кој мислиме како функционира фаќањето на криминалците, како треба да функционира правдата и какви треба да бидат затворските казни. Во мојата работа се борам со луѓето што го вметнуваат зборот „само“ пред должината на казната на криминалецот. Така тие ќе речат: „Оваа личност доби само 15 години“, а секојпат мојата е реакција е: „Како мислиш само 15 години?“ Дури и ако некое лице направило страшни работи, изрекувањето на казната е поврзано со многу посложена слика за таа личност, како што и треба да биде - вели таа.

Исто така, таа објаснува дека нашата цел не треба да биде да се затворат сите.

- Целта треба да биде да се обидеме да го направиме општеството побезбедно и затоа мислам дека проблемот со ваквите крими-серии е што може да ги натера луѓето да се претворат во кауч-воини. Седат таму, чувствувајќи дека треба да ги осудат криминалците, а тоа има спротивен ефект на емпатијата. Луѓето што седат и гледаат серии дома никогаш нема да дознаат што се случило или што било кажано на судењето. Нема да ги знаат сите детали, па затоа публиката треба да биде внимателна и да не мисли дека го разбира случајот само затоа што изгледала едночасовна епизода - вели таа.

Извор: Tyla.com
Фото: Screenshot/YouTube