Најдобрите 10 филма на „Нетфликс“ според критичарите

Најдобрите 10 филма на „Нетфликс“ според критичарите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Освен што на „Нетфликс“ имаме можност да гледаме некои од нашите омилени серии и филмови, оваа компанија произведува и сопствени филмови, а некои од нив беа и кандидати за „Оскар“.

Од „Нетфликс“ откриваат дека најгледан филм е „Кутија за птици“, а веднаш зад него е „Мистериозно убиство“, во кој глумат Џенифер Анистон и Адам Сендлер. Но ниеден од овие два филма нема највисока оцена на „Ротен Томејтос“. Еве кои оригинални филмови на „Нетфликс“ добија највисока оцена според мислењето на критичарите.

Да напоменеме дека оцените на критичарите не секогаш се поклопуваат со мислењето на публиката.

10. „Cаm“



Амбициозната Алис открива дека е заменета со идентична верзија од себеси. Таа мора да ја реши мистеријата за да си го врати идентитетот.

Оцена од критичарите: 93%
Оцена од публиката: 55%

9. „Private Life“



Брачен пар во нивните 40-ти години се труди да добие дете. Кога повеќе немаат опции, надеж носи посетата на нивната внука.

Оцена од критичарите: 94%
Оцена од публиката: 76%

8. „See You Yesterday“



Гении кои се на работ да ја откријат тајната на патувањето низ времето, но тогаш се случува трагедија што ќе им го промени животот.

Оцена од критичарите: 95%
Оцена од публиката: 30%

7. „Tramps“




Дени и Ели прифаќаат понуда да пренесат торба со непозната содржина, но набрзо нивниот план оди во погрешна насока.

Оцена од критичарите: 95%
Оцена од публиката: 74%

6. „The Irishman“




Епска сага на Мартин Скорсезе за организираниот криминал и повоена Америка во која глумат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Песци.

Оцена од критичарите: 96%
Оцена од публиката: 96%

5. „Roma“



Филм на Алфонсо Куарон кој следи една година од животот на работник од средната класа во Мексико во текот на 70-тите години.

Оцена од критичарите: 96%
Оцена од публиката: 71%

4. „Mudbound“




Во расно поделеното Мисисипи по Втората светска војна двајца мажи - еден белец, друг црнец - создаваат необично пријателство.

Оцена од критичарите: 96%
Оцена од публиката: 86%

3. „Marriage Story“



Приказна за разводот и обидите да се зачува семејството со Скарлет Јохансон во главна улога.

Оцена од критичарите: 97%

2. „To All the Boys I've Loved Before“




Откако случајно ќе им испрати пет љубовни писма на пет млади момчиња што ѝ се допаѓаат, животот на оваа девојка повеќе не може да биде ист.

Оцена од критичарите: 97%
Оцена од публиката: 87%

1. „Dolemite Is My Name“



Дејството на овој филм се случува во Лос Анџелес во текот на 70-тите години. Го следиме комичарот Руди Рај Мур, кој се пробива на сцената со неговото алтер его Долемајт.

Оцена од критичарите: 97%
Оцена од публиката: 91%.