„Полица“ со кампања за читање насекаде - „Читај на екс“

„Полица“ со кампања за читање насекаде - „Читај на екс“

Од денес во дел од автобусите на ЈСП граѓаните ќе имаат можност да читаат додека се возат, дури и ако со себе не носат книга.

Имено, книжарница „Полица“, која свечено беше отворена во центарот на Скопје минатата среда, започна кампања за поттикнување на читањето во автобусите на ЈСП, Скопје. На седиштата на автобусите се постави извадоци од четири жанровски различни книги со цел месецов во нив да имаат можност да уживаат луѓе со различни читателски склоности. Извадоците се од збирката раскази „Преобразба“ на Франц Кафка, автобиографијата „Јас, тајкунот“ на Мирослав Мишковиќ, детската книга „Како да снимиш филм“ од Радивоје Андриќ и „Допир од далечина – Иан Кертис и Joy Division“ од Дебора Кертис.

- Целта ни е да ги поттикнеме луѓето да читаат што повеќе, а особено онаму каде што имаат време на располагање. Додека се возат на работа, на училиште или на пазарување, луѓето имаат 10, 20, 30 минути што можат да ги поминат наместо на телефон, во квалитетно читање. Нашата издавачка куќа има наслови за секој читател, кои од минатата среда можат да се најдат и во нашата новоотворена книжарница во центарот на градот - вели Јове Тодоровски, директор на „Полица“.



Книжарницата „Полица“ почна со работа под мотото „Многу книги, една ПОЛИЦА“ со најава дека во периодот што доаѓа ќе се посвети на маркетиншки активности за поттикнување на читањето кај населението.

Со кампањата „Читај на екс“, „Полица“ сака да покаже дека може да се чита и дека е навистина кул тоа да се прави насекаде – на екс, од нога, во автобус... читањето е една од најблагородните активности за човекот, која треба да ја поттикнуваме и кај себе и кај другите околу нас, давајќи им сопствен пример.



Во време кога книжарниците замираат и негувањето на културата на читање опаѓа, креативната кампања на „Полица“, направена од креативци на полето на маркетингот, е навистина за поздравување.

Желните за пишан збор, во внимателно дизајнираниот и прегледен ентериер, ќе можат да ги најдат книгите во издание на „Полица“, меѓу кои има квалитетни наслови од светската белетристика, класичната литература, детски и едукативни книги, книги од популарни личности итн. На полиците на „Полица“, исто така, се сместени и најпривлечните наслови од другите поголеми издавачки куќи во Македонија.