Популарен јутјубер има необичен план: Наскоро ќе можете да направите селфи во орбитата на Земјата
Јутјуберите често се натпреваруваат во изведување различни потфати со цел да привлечат повеќе гледачи и претплатници на нивните канали. Но, јутјуберот Марк Робер отишол чекор понапред. Поточно, во вселената.
Робер, поранешен инженер на НАСА, одлучил да лансира сателит во орбитата на Земјата и да им даде можност на своите следбеници, но и на сите други - за уникатно селфи во вселената.
Во видеото Робер објаснува како треба да функционира целиот систем - заинтересираните му ја испраќаат својата локација и селфи, а потоа сателитот кога лета над таа локација, го прикажува нивното селфи на екранот и го фотографира. Како што вели Робер, секој што ќе го направи ова ќе биде известен кога ќе се направи „вселенското селфи“, па ако излезе на отворен простор, теоретски може двапати да биде на сликата.
Две камери и два телефони „гугл пиксел“ ќе бидат одговорни за правењето на селфи-фотографијата, а соларниот панел кој ќе ја напојува батеријата од 120 Wh ќе гарантира дека сѐ ќе функционира.
Сателитот, кој Робер го направил во соработка со „Гугл“ и „Т-мобајл“, треба да биде лансиран во јануари 2025 година како дел од мисијата „Транспортер 12“ на „Спејс екс“, а неколку месеци подоцна би можел да почне да ги прави првите селфи-фотографии.
Но, ако мислевте дека селфи-фотографиите ќе бидат бесплатни, сте се излажале. За да се квалификуваат да направат селфи, заинтересираните мора да добијат шифра. Некои од „бесплатните“ кодови ќе бидат достапни за претплатниците на „T-мобајл“, дел за купувачите на „Гугл пиксел“, а сите други ќе мора да се претплатат на „Кран лебс“ за да ја добијат шифрата.
Ќе биде интересно да се види колку луѓе ќе учествуваат и дали тоа ќе ја зголеми популарноста на јутјуб-каналот на Робер, кој моментално има речиси 60 милиони претплатници.
Извор: zimo.dnevnik.hr
Фото: YouTube screenshot