„Спејс екс“ на Илон Маск доби договор вреден 843 милиони долари за уништување на Меѓународната вселенска станица

„Спејс екс“ на Илон Маск доби договор вреден 843 милиони долари за уништување на Меѓународната вселенска станица

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Спејс екс“ доби договор за да помогне во уништувањето на Меѓународната вселенска станица на НАСА.

Изградена во 1998 година, Меѓународната вселенска станица била создадена во соработка со НАСА, Роскосмос (Русија), ЕВА (Европа), ЈАХА (Јапонија) и КСА (Канада).

Оттогаш им е дозволено на научниците да спроведуваат експерименти што не можат да се направат на друго место.

НАСА ја опишува Меѓународната вселенска станица како достигнување без преседан во глобалните човечки напори за изградба и искористување на станицата во истражувањето на вселената. Но, станицата не била изградена за да трае вечно, а нејзината функција треба да заврши во 2030 година.

НАСА ќе дозволи Меѓународната вселенска станица да се доближи до Земјата 18 месеци по завршувањето на операциите на бродот. Потоа, вселенско летало ќе се закачи на станицата и ќе ги искористи своите погони за да ја придвижи кон Земјата. А „Спејс екс“ на Илон Маск го доби договорот од 843 милиони долари за да го направи тоа.

Модифицирана верзија на вселенското летало „Спејс екс драгон“ ќе има шестпати поголема моќност на погонско гориво и четирипати поголема моќност на погон од стандардниот „Драгон“. Додека станицата ќе се движи низ атмосферата на Земјата, таа во голема мера ќе се распарчи и ќе изгори.

- Изборот на американско деорбитно возило за Меѓународната вселенска станица ќе им помогне на НАСА и нејзините меѓународни партнери да обезбедат безбедна и одговорна транзиција во ниската орбита на Земјата, кога ќе ѝ дојде крајот на станицата. Оваа одлука ги поддржува плановите на НАСА за идни комерцијални дестинации - вели Кен Боверсокс, соработник администратор за мисијата за вселенски операции од НАСА.

Околу 9 вселенски станици ќе овозможат продолжување на работата од вселената, вклучувајќи ја и кинеската вселенска станица Тиангонг, која е во орбитата од 2021 година.

Извор: Unilad.com
Фото: Freepik