Прекрасни фотографии од поларни мечки кои уживаат во полиња со цвеќиња во текот на летото на Арктикот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Фотографот Мартин Грегус, роден во Словачка, а живее во Канада, стана познат по фотографирањето на поларните мечки.
По неколкугодишни камперски експедиции на Арктикот, каде што спиел во близина на мечките, Грегус тргнал во нова авантура. Овој пат тој сакал да ги фотографира поларните мечки во текот на летото за да види какви нови можности ќе обезбеди сезоната.
Резултатите се прекрасни фотографии кои се надоврзуваат на претходното искуство на Грегус и даваат нов поглед на овие величествени животни.
Особено впечатливи се неговите фотографии од поларните мечки во полиња со виолетови цветови, кои се чини дека уживаат во моментот.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Martin Gregus