Пет најдобри раси на кучиња за луѓето што првпат стануваат сопственици

Пет најдобри раси на кучиња за луѓето што првпат стануваат сопственици

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако секое куче е уникатно и може да има различни потреби, одредени раси имаат релативно предвидливи нивоа на енергија, големина, изглед и потреби за одржување, што може да помогне да ја одредите најдобрата раса на куче за вас. Овие раси се најдобри за оние што првпат удомуваат куче:

Бернско планинско куче


Можеби се големи, но овие кучиња се опуштени, желни за угодување на другите, нежни и интелигентни. Сакаат добра забава со децата, но сакаат и да ја поминат вечерта релаксирајќи се дома. Добро се приспособуваат на речиси секоја животна ситуација и иако не се агресивни, тие се доста добри чувари и се многу лојални. Сепак, имајте на ум дека тие доста се митарат и бараат редовно четкање.

Кадрав бишон

Кадравиот бишон е весело кученце, одлично за семејства со деца или за живеење во стан. Бишоните се релативно лесни за тренирање, добро се приспособуваат на секој начин на живот и потребна им е само умерена секојдневна физичка активност за да бидат среќни и здрави. Сепак, ќе треба да посветите време и пари за одржување на нивното крзно.

Боксер

Ако барате куче со средна големина и со висока енергија, не гледајте подалеку од разиграниот боксер. Ова лојално куче создава блиска врска со семејството и ако водите релативно активен животен стил, боксерот може да биде вистинско милениче за вас. На оваа раса ѝ треба многу вежбање и силна основа за тренирање. Боксерите природно ги штитат своите семејства, особено децата.

Кралски кокер шпаниел


Кралскиот кокер шпаниел е нежно куче. Тие обично добро се согласуваат со деца од сите возрасти. Оваа раса е мала и многу внимателна. Има умерено ниво на енергија, што значи дека основните дневни вежби се доволни за одржување на здравјето. Тие се многу паметни и добро реагираат на тренинзите. И покрај косата со средна должина, потребно е само редовно да се четка.

Златен ретривер

Златниот ретривер е семејно куче - тоа е желно да угодува. Одлично е со деца од сите возрасти. Ова куче со средна големина е среќно, лојално, приврзано и активно. Сака да учи и може да биде обучено за многу работи. Потребно им е редовно четкање за да не се заплетка крзното.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik