Видеосимулација покажува колку е длабок океанот

Видеосимулација покажува колку е длабок океанот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Поединци признаваат дека во себе „отклучиле“ нов вид страв откако гледале симулација што покажува колку навистина е длабок океанот.

Јутјуберот „Зак д филмс“ се прослави со создавање застрашувачки симулации како онаа што открива што би се случило со човечкото тело во вселената доколку човекот не носи заштитен костим.

Сега, јујтуберот се насочи кон сините длабочини и покажа колку облакодери треба да се изградат еден врз друг за да се стигне до дното на океанот. Звучи смешно? Нема да ви биде откако ќе го погледнете видеото.

На пример, бродот „Титаник“ лежи на длабочина од 3.800 метри, додека највисоката зграда на светот, Бурџ Халифа, достигнува 829,84 метри. Заклучокот? Ќе бидат потребни речиси пет супервисоки облакодери за да стигнете до потонатиот брод „Титаник“.

Замислете дека треба да поминете толкаво растојание до најтемните длабочини само за да почувствувате цврста земја.

Познатиот јутјубер истакнува дека постојат океански ровови, како што е Маријанскиот Ров, кој достигнува импресивни 11 километри, што ја надминува висината на највисоката планина во светот, Монт Еверест (8.848 метри).

А како ви звучи фактот дека длабочината на Маријанскиот Ров е поголема од просечната висина на која летаат комерцијалните авиони (околу 10.000 метри)?

По објаснувањето на симулацијата, голем дел од интернет-корисниците истакнуваат дека не ни знаеле дека стравуваат од длабочините на морињата и океаните.



Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube