Најубавата библиотека во светот се наоѓа во Прага

Најубавата библиотека во светот се наоѓа во Прага

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Библиотеката Клементинум, извонреден пример за барокна архитектура, првпат била отворена во 1722 година во рамките на језуитскиот универзитет. Во неа се наоѓаат над 20.000 книги. Читателите на „Борд панда“ ја прогласија оваа библиотека за една од најубавите и највеличествените во светот.

1

2

3

Таванските фрески на оваа библиотека биле насликани од Јан Хибл. Во 1871 година директорот Карел Рафаел Унгар ја основал „Библиотека националис“, збирка на литература на чешки јазик. Некои од ретките историски книги од оваа колекција се испратени на „Гугл“ за скенирање и на крајот ќе бидат достапни на „Гугл букс“.

4

5
Фотографии: klementinum.com

Прашката библиотека е ретко и малку познато богатство, а помалку се познати и следниве факти за неа: библиотеката е трет по големина језуитски колеџ во светот; забележувањето на временските услови почнало тука во 1775 година и оттогаш продолжило; таа е прикажана во роман на познатиот аргентински писател Хорхе Луис Борхес.