Забрането навивање и ракување - Токио објави водич за претстојните Олимписки игри

Забрането навивање и ракување - Токио објави водич за претстојните Олимписки игри

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Олимписките игри што требаше да се одржат минатата година во Токио, а беа одложени поради пандемијата, ќе се одржат годинава.

Меѓународниот олимписки комитет, Меѓународниот параолимписки комитет и Организацискиот комитет на Токио 2020 го објавија првиот од предвидени четири водичи за посетителите и учесниците на претстојните игри. Водичот што е објавен неделава е наменет за меѓународните федерации, а следните ќе бидат за атлетичарите и екипите, новинарите и радиодифузерите.

Според објавениот водич, учесниците се советуваат да се движат брзо кога ќе поминуваат низ аеродромите, да одбегнуваат затворени простории и групирање, како и прегратки и ракување. Се препорачува и одбегнување на јавниот превоз без дозвола, а при навивањето не треба да не се ракоплеска, пее или извикува.

На Олимписките игри треба да учествуваат 11.000 атлетичари од 206 земји, а ќе присуствуваат и претставници на државите, новинари и посетители. Сите тие ќе треба да имаат негативен тест за Ковид-19 не постар од 72 часа пред патувањето за Јапонија.


Фото: Pixabay

Учесниците ќе бидат тестирани повторно во Јапонија, иако не мора да бидат вакцинирани и нема да седат во карантин при пристигнувањето.

Маските ќе бидат задолжителни во целиот период, освен при јадење, пиење или спиење.

Претставниците на меѓународните федерации треба да ги известат организаторите за лицата што планираат да ги видат во Јапонија, а во текот на престојот не смеат да посетуваат туристички локации, продавници, ресторани, барови или вежбалници.

Организаторите изјавиле дека следните водичи можеби ќе имаат различни правила.

Автор: Мишел Брутон
Извор: forbes.com