Еден од раните знаци за деменција е вашата несоница
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Една третина од нашите животи ги поминуваме во спиење, а една четвртина од тоа време го поминуваме сонувајќи. Така, една просечна личност со очекуван животен век од околу 73 години поминува 6 години сонувајќи.
И покрај тоа што сонувањето игра централна улога во нашите животи, ние сепак знаеме малку работи за тоа зошто сонуваме, како сонот ги создава соништата и, најважно, какво е значењето на нашите соништа за нашето здравје, особено за здравјето на нашиот мозок.
Истражување од 2022 година, објавено во списанието „Лансетс еклиникал медисин журнал“, покажува дека нашите соништа можат да ни откријат изненадувачки голема количина на информации за здравјето на нашиот мозок.
Поточно, покажува дека честите лоши соништа и кошмари (соништа што ве будат навечер) во средовечноста може да се поврзани со зголемениот ризик од деменција.
Во истражувањето биле анализирани податоци од три големи истражувања од САД за здравје и стареење. Истражувањата вклучувале над 600 луѓе на возраст помеѓу 35 и 64 години, и 2.600 луѓе на 79 години и постари.

Фото: Freepik
Сите учесници немале деменција на почетокот на истражувањето. Средовечните луѓе биле следени во просек 9 години, додека постарите 5 години.
На почетокот на истражувањето (од 2002 до 2012) учесниците пополнувале различни прашалници, а меѓу нив имало и прашалник поврзан со тоа колку често имале лоши соништа и кошмари.
Биле анализирани податоци за да се открие дали учесниците што често имале кошмари на почетокот на истражувањето имале поголема веројатност да доживеат когнитивен пад и да им биде дијагностицирана деменција.
Кошмари на неделно ниво
Истражувачите откриле дека учесниците на средовечна возраст кои доживувале кошмари секоја недела имале четирипати поголема веројатност да доживеат когнитивен пад (знак за деменција) во текот на следната деценија, додека постарите учесници имале двапати поголема веројатност да им биде дијагностицирана деменција.
Интересно е што поврзаноста меѓу кошмарите и идната деменција била многу посилна кај мажите отколку кај жените. Кај жените, пак, зголемувањето на ризикот било само 41 отсто.
Општо земено, овие резултати покажуваат дека честите кошмари можат да бидат еден од најраните знаци на деменција, кои можат да претходат на развојот на проблеми со меморијата и размислувањето во период од неколку години или децении, особено кај мажите.
Со оглед на природата на ова истражување, не е можно да се биде сигурен која од овие теории е точна. Меѓутоа, без оглед на тоа која теорија ќе се покаже како точна, главната импликација на истражувањето останува иста, а тоа е дека редовните лоши соништа и кошмари на средовечна возраст и во поодминати години може да бидат поврзани со зголемен ризик од развој на деменција подоцна во животот.
Следните чекори во истражувањето вклучуваат испитување дали кошмарите кај младите луѓе може да бидат поврзани со зголемен ризик од деменција. Ваквите истражувања не само што можат да помогнат во разјаснувањето на врската помеѓу деменцијата и соништата и да обезбедат нови можности за порано дијагностицирање, туку можат да разјаснат и нови аспекти на природата и функцијата на мистериозниот феномен наречен сон.
Извор:
Science Alert
Фото: Freepik