Човекот по кој се именувани над 1.000 улици во светот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во светот има над 1.000 улици и патишта што се именувани по Мартин Лутер Кинг Јуниор.
По три недели од убиството на Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1968, градскиот совет во Мајнц, Германија, именувал улица по овој борец за човекови права. Улици именувани по него има и во Франција и во други земји, а во САД бројот на улици именувани по Мартин Лутер Кинг е 955. Бројот на улици со ова име во светот изнесува над илјада.
Дерек Алдерман од Универзитетот во Тенеси направил истражување на стотици од овие улици во САД и открил дека на нив има речиси исто бизнис-активности како и на другите историски улици во земјата.
Фото: Pixabay
- Кога ќе именувате улица по некој како Кинг, треба да биде сигурно дека ќе ја одржувате таа улица како негов споменик, така што тој би се гордеел доколку би можел да се врати и да ја посети улицата - вели Даниел Д'Ока, кој предавал курс за историските улици посветени на Мартин Лутер Кинг во САД на „Харвард“ во 2015.
За време на курсот студентите по дизајн требало визуелно да ги претстават улиците на Кинг според вредностите за кои се залагал - без расистички поделби, мирни, економски стабилни и со активности кои се доволни за потребите на граѓаните во близина.
Фото: Pixabay
Движењата за граѓански права играле улога во ставањето крај на законските поделби врз основа на расата во САД. Смртта на Мартин Лутер Кинг довела до тоа. Кај Афроамериканците опаднала сиромаштијата во децениите по смртта на Кинг, а истовремено се зголемиле средношколските дипломи и поседувањето имот.
Сепак, во некои делови тоа пристигнало подоцна, заедно со улиците што го носат неговото име. Мемфис, градот во кој Кинг бил убиен, добил улица именувана по него дури во 2012 година. Таа е една од последните улици на кои стапнал
Мартин Лутер Кинг.
Автор: Венди Ц. Томас
Извор:
nationalgeographic.com