Јапонски универзитет одржа дипломска церемонија со роботи
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Додека светот се бори против коронавирусот, кој веќе одзема илјадници животи, се чини дека некои земји се чекор пред другите. Така, во Јапонија нема потреба од откажување на церемониите за дипломирање бидејќи земјата има доволно роботи кои може да ги земат дипломите во име на дипломците.
Универзитетот „Бизнис брејктру“, познат и како ББТ, бргу ги префрли сите предавања онлајн по појавувањето на коронавирусот. Но неодамна универзитетот реализира и дипломска церемонија во хотел во Токио.
Студентите „учествувале“ на церемонијата преку роботи на 28 март.
Студентите оперирале со роботите кои ги претставувале и ја следеле церемонијата од своите домови. Роботите дури биле и соодветно облечени за церемонијата.
Автори: Мантас Качероскас и Џудита Кусајтите
Извор:
boredpanda.com