Еден збор не се појавува во филмот „Кум“

Еден збор не се појавува во филмот „Кум“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Малку филмови имаат оставено толку длабока трага во поп-културата како легендарната трилогија „Кум“. Овој филм содржи сè за да се нарече ремек-дело: љубов, предавство, лојалност, кодекс на однесување и, секако, организиран криминал. Но, она што ќе ве изненади е дека во целиот филм никогаш не се изговара еден клучен и очекуван збор - „мафија“.

Оние што го гледале внимателно можеби го забележале ова, но малкумина знаат зошто. Причината за тоа е поврзана со вистинската мафија.

Реална закана од организираниот криминал

Лени Монтана, актерот кој го глуми Лука Браси, не бил само актер, туку навистина бил поврзан со мафијашката фамилија Коломбо. Нејзиниот шеф, Џо Коломбо, бил многу незадоволен од некои делови во сценариото. Преку Итало-американската лига за граѓански права, тој и неколку негови сојузници извршиле притисок врз продукцијата.

Нивното главно барање било едноставно: да се исфрли зборот „мафија“ од сценариото бидејќи сметале дека тој збор е навредлив за италијанско-американската заедница и дека остава негативна слика за нивниот идентитет.

Како бил решен проблемот?

Продуцентот Ал Руди нашол начин како да го реши овој конфликт. Тој прифатил да го исфрли зборот „мафија“ и им дозволил на членовите на лигата да веруваат дека го скротиле филмот – иако, според него, тој збор и онака се појавувал само еднаш во сценариото.

Овој компромис не само што го спасил филмот од потенцијални проблеми, туку овозможил и вистински член на мафијата да се појави во филмот, како дел од договорот.

Така, покрај тоа што „Кум“ се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња, тој во себе крие и неверојатна приказна од реалниот живот: приказна за закани, политички игри и мудро избегнување директна конфронтација со вистинската мафија.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Screenshot/YouTube