За Ана Ѓорѓиоска, научник-истражувач во Минхен, интервју со новинарката Јана Серафимова Петровска, објавувањето на цените... Што пишувавме неделава?

За Ана Ѓорѓиоска, научник-истражувач во Минхен, интервју со новинарката Јана Серафимова Петровска, објавувањето на цените... Што пишувавме неделава?

Купувачите наместо да шетаат по маркети, ќе ги гледаат цените на интернет, но надвор од системот ќе останат маалските продавници

Објавата колку чинат производите на интернет ќе донесе поголема транспарентност и отчетност во работењето на маркетите, но времето ќе покаже дали ќе влијае и врз намалувањето на цените. Микротрговците остануваат надвор од ваквиот информативен систем зашто немаат капацитет за тековно ажурирање на цените.

Интервју со новинарката Јана Серафимова Петровска: „Посебно е чувството кога сведочиш и си дел од обединувачката моќ на спортот“


Спортското новинарство до пред десетина години беше „резервирано“ за мажите, кои беа најчести коментатори на натпреварите, известувачи од најважните спортски настани и водители на спортски дебатни емисии. Но, новинарката Јана Серафимова Петровска и нејзините колешки со своето знаење за спортот и со новинарските вештини покажаа дека спортот не е исклучиво машка област во новинарството.

Ана Ѓорѓиоска има само 25 години и е научник-истражувач во Минхен: „Да се работи во компанија која е на фронтот во борбата против ракот е непроценливо чувство“

Ана Ѓорѓиоска има само 25 години и е научник-истражувач во водечка биотехнолошка компанија од областа на имуноонкологијата во Германија. Родена е во Гостивар, каде што ги минала тинејџерските години, а потоа се запишала на еден од најпрестижните факултети во Европа - Универзитетот „Јакобс“ (Jacobs University, денес е Constructor University), на насоката биохемија и клеточна биологија.