Губењето на миленичето боли повеќе отколку што мислат луѓето

Губењето на миленичето боли повеќе отколку што мислат луѓето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако имате милениче, веќе знаете дека не постојат зборови што можат да ги опишат радоста и љубовта што миленичињата ги носат во домот.

Миленичињата се совршено друштво, тие нè пречекуваат на врата, со нетрпение чекајќи да поминеме време играјќи со нив. Тие нè засмејуваат, неверојатни се со деца и нудат безусловна љубов.

Миленичињата се секогаш тука за нас кога се чувствуваме тажно или осамено, кога ни е потребна утеха и топла прегратка, и кога сме среќни што животот понекогаш може да биде премногу убав за да биде вистина.


Фото: Pixabay

Ова објаснува зошто луѓето сметаат дека е премногу тешко да се збогуваат со своите миленици. Губењето на миленичето е секогаш трауматично и болно искуство, како што е заминувањето на најдобриот пријател. Голем број луѓе ја потценуваат болката што ја почувствувале откако изгубиле куче или мачка или кое било друго домашно милениче, па истражувачите испитувале колку тага чувствуваат сопствениците во овие случаи.

Истражувањето било спроведено во одделот за психологија на Универзитетот во Ново Мексико. Истражувачите ги прашале сопствениците на миленичиња за нивните чувства по загубата на миленичето. Сите се согласиле дека болката е многу интензивна и длабока.

Интересно, хавајските истражувачи откриле дека болката по смртта на милениче обично е подолготрајна од болката што ја чувствуваме кога губиме блиска личност. Голем дел од луѓето се согласуваат дека не може да се спореди болката што ја доживеале по губењето на нивното домашно милениче со онаа по загубата на блиска личност. Ова може да се објасни само со фактот дека сопствениците на миленичиња се длабоко поврзани со нив и страдаат исто како да изгубиле сродна душа.