Премините што го штитат дивиот свет од автомобилите се сѐ почести низ светот

Премините што го штитат дивиот свет од автомобилите се сѐ почести низ светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сè додека постојат автопатишта и диви животни, ќе постојат и убиства на патиштата. Многу животни умираат обидувајќи се да ги преминат овие автопатишта, а многу возачи загинале при судир со елен или некое друго големо животно. Освен тоа, автопатиштата можат да го спречат дивиот свет да ги пронајде потребните ресурси.

Низ целиот свет локалните инфраструктурни планери сè повеќе ја прифаќаат техниката за да ги решат овие проблеми: надвозници за дивиот свет. Инженерите ги дизајнираат структурите за да се вклопат во природата, зголемувајќи ја веројатноста дека животните ќе ги користат - и ќе го научат своето потомство да го прави истото.

2
Фото: Allie Banting/Parks Canada


Овие премини почнале да се создаваат во Европа во 50-тите години и оттогаш се шират низ целиот свет. Сега има надвозници што ги користат лососите во Канада, рисовите во Монтана и јастозите на Божиќниот Остров. Со секој проект истражувачите дознаваат повеќе за тоа како животните комуницираат со овие премини.

3
Фото: Allie Banting/Parks Canada

Како што излегува, различните видови претпочитаат различни видови премини. Тони Клевенџер, биолог за дивиот свет во Западниот институт за транспорт, вели дека мечките гризли сакаат големи, отворени структури, додека пумите, кои се навикнати на шуми, преферираат поограничени премини што се повеќе покриени.

4
Фото: Allie Banting/Parks Canada

Овие премини играат клучна улога во западниот дел на Северна Америка каде што постојат долги автопатишта, како што е автопатот Транс-Канада.