Американец се изолирал на остров во тематскиот парк „Дизни ворлд“

Американец се изолирал на остров во тематскиот парк „Дизни ворлд“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Поради пандемијата, некои одбираат да се изолираат во своите викендици, но еден Американец тоа го направил на приватен остров на компанијата „Волт Дизни“ во Флорида.

Ричард Мекгвајер бил уапсен минатата недела за нелегален престој на туѓ имот. Тој им кажал на властите дека пристигнал на приватниот остров Дискавери за да кампува и сакал да остане таму приближно една недела. Островот е во сопственост на „Волт Дизни“ и се наоѓа во тематски парк „Дизни ворлд“ во градот Беј Лејк, Флорида.


Фото: Pixabay

42-годишниот Мекгвајер изјавил дека не бил свесен дека островот не е отворен за јавноста и дека изгледал како „тропски рај“.

Според официјалниот извештај од полицијата, овластените лица се обидувале да го најдат Мекгвајер на островот, на што тој одговорил дека не ги слушнал затоа што спиел во една од зградите на островот.

Островот Дискавери порано бил познат по животните и растенијата, кои биле атракција. Зоолошкиот парк бил затворен за јавноста во 1999 година.

Автор: Сања Мансур
Извор: time.com