Какви се последиците од пандемијата врз високото образование?

Какви се последиците од пандемијата врз високото образование?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Постојано слушаме за влијанието на пандемијата врз високото образование, а голема е веројатноста дека ситуацијата дополнително ќе се влошува. Какво е влијанието на пандемијата врз универзитетите?


Фото: Pixabay

Приходите се намалуваат

Приходите што ги добиваат универзитетите, кои во зависност од земјата може да бидат и од студентски домови, храна, паркинг, покрај школарината, значително се намалија овој семестар. Државното финансирање не е стопирано, но останатите приходи од кои зависат универзитетите безмалку исчезнаа. Во САД, дел од овие загуби ќе бидат надоместени со финансиска помош од државата.

Трошоците остануваат

Универзитетите различно реагираат на кризата, но постојат малку начини на кои може веднаш да се намалат загубите, а тоа е со намалување на трошоците за кадарот. Сепак, дури и доколку има отпуштања, универзитетите мора да ги платат останатите вработени.


Фото: Pixabay

Приходите од есенскиот семестар ќе бидат уште помали

Многу факултети веќе објавија замрзнување на школарината следната академска година, а некои нудат намалување и други иницијативи со цел да продолжат да ги привлекуваат студентите. Сепак, голем процент од студентите можеби нема да се вратат на кампусите поради влошувањето на нивната финансиска состојба. Кога станува збор за приватните универзитети, многу студенти можеби ќе се префрлат на државните поради цената на студирањето.

Ќе се намали бројот на студенти

Според процените на американските експерти, наесен ќе има 20% помалку студенти на универзитетите во САД. Ќе се намали бројот на студентите и во другите земји, иако тоа ќе зависи од секоја институција. Факултетите и универзитетите се погодени од кризата, но погодени се и студентите и вработените. Универзитетите придонесуваат за развивање на економијата, а пандемијата ќе влијае врз сите нив.

Автор: Дејвид Росовски
Извор: forbes.com