Почина големиот италијански композитор Енио Мориконе

Почина големиот италијански композитор Енио Мориконе

Италијанскиот композитор Енио Мориконе, генијот кој стои зад многу познати филмски музички теми, почина на 91-годишна возраст, откако му се искомплицирала состојбата по кршењето на бутната коска.

Композиторот и диригент ја има напишано музиката за повеќе од 500 филма во текот на неговата сјајна кариера.

Мориконе има добиено два „Оскара“, еден во 2007 и еден во 2016 година, а беше светски познат по соработката со Серџо Леоне, создавајќи ги музичките записи за филмови како „За некој долар повеќе“ и „Добриот, лошиот и грдиот“.



Во 2007 година со долгоминутни овации од многубројната публика му е доделена наградата „Оскар“ за животно дело, „за неговите извонредни и разни придонеси во полето на уметноста на филмската музика“.

Тој, исто така, е добитник на три награди „Греми“ , Златен глобус, шест награди БАФТА, но и Медал за заслуги за Македонија. Мориконе во 2009 година го отвори „Охридско лето“.

Извор: Russia Today
Насловна фотографија: Wikipedia