Носењето маски во Англија ќе биде личен избор

Носењето маски во Англија ќе биде личен избор

Подготвил: Тамара Гроздановски

Носењето маски за лице ќе стане личен избор во Англија со натамошното олеснување на ограничувањата поради коронавирусот, изјави Роберт Џенрик, висок министер на владата на Велика Британија.

- Лично не сакам да носам маска и верувам дека повеќето луѓе не уживаат во носењето маски. Наскоро ќе влеземе во фаза во која носењето маски ќе биде личен избор. Некои членови на општеството ќе го прават тоа поради легитимни причини, но тоа ќе биде период во кој за носењето маски ќе одлучуваме ние, граѓаните. Нема властите да ни кажуваат што да правиме - рече Џенрик.

Владата на Велика Британија моментално размислува дали да ги укине сите преостанати епидемиолошки мерки. Министерот за здравство, Саџид Џавид вели дека би сакал да ги ублажи мерките.

- Попуштањето на мерките планирано за 19 јули засега не е доведено во прашање. Мора да бидеме искрени со луѓето и да им кажеме дека не можеме да го елиминираме коронавирусот. Исто така, мора јасно да кажеме дека бројот на случаи ќе се зголеми. Знам дека многумина ќе бидат претпазливи околу попуштањето на мерките и тоа е разбирливо. Мора да го прифатиме постоењето на ковид-19 и да најдеме начини да се справиме со него, како што тоа го правиме со грипот - додаве Џавид.

Џавид вели дека воведените епидемиолошки мерки доведоа до шокантно зголемувањето на семејното насилство и негативно влијаеја врз менталното здравје на многу лица. Тој најави дека од 19 јули, Велика Британија ќе биде најотворена земја во Европа.

Џенрик изјави и дека британскиот премиер Борис Џонсон во моментов разгледува доста позитивни податоци за борбата против коронавирусот во Велика Британија.

- Се чини дека можеме да преминеме на многу поблаг режим и да се оддалечиме од многу ограничувања што навистина тешко ни паднаа - вели Џенрик.

kovid
Фото: Freepik

И покрај тоа што на почетокот на пандемијата беше критикувана за побавно воведување карантин и задолжително носење заштитни маски, Велика Британија сега може да се пофали поради брзината со која го вакцинира нејзиното население против ковид-19.

И покрај позитивните индикации, Британската лекарска комора од владата бара некои епидемиолошки мерки да останат на сила и по 19 јули, бидејќи се зголемува бројот на заразени.

- Во споредба со претходните седум дена, бројот на ковид-случаи во Англија се зголеми за 74 отсто, а бројот на пациенти заболени од ковид-19 кои се примени во болница се зголеми за 55 отсто - соопшти комората.

Комората бара да се задржи мерката за задолжително носење заштитни маски во затворени простории како што се возила од јавниот превоз и продавници.

- Направивме одличен напредок во последните 18 месеци и владата не смее да го уништи тоа. Иако постигнавме добра стапка на вакцинација, значителен број луѓе сè уште не се вакцинирани или примија само една доза од вакцината. Покрај тоа, има луѓе кои не можат да се вакцинираат и релативно мал број луѓе на кои имунизацијата нема да делува. Не се заштитени сите оние кои примиле две дози на вакцината до 19 јули, затоа што максималниот имунитет се стекнува две недели по примањето на втората доза на вакцината. Ова значи дека сè уште не е заштитен доволен број на граѓани за да се сопре ширењето на оваа опасна болест - вели д-р Чанд Нагпаул, претседател на Советот на британската лекарска комора.

Стивен Паувис, директор на британскиот огранок на Британскиот институт за јавно здравје изјави дека не сака да шпекулира дали британскат влада ќе го уважи апелот на комората за задржување на мерката за задолжително носење заштитни маски во затворени простории.

- Мислам дека некои луѓе ќе останат повнимателни, некои луѓе би можеле да изберат да носат маски во одредени околности, што не е нужно лошо. Добро е да се задржат навиките што го намалуваат ширењето на болеста - додаде тој.

Извор: CNN
Фото: Freepik