Лек стар 1.000 години убива бактерии отпорни на антибиотици
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Смртоносните бактерии стануваат сè поотпорни на современите антибиотици, па истражувачите почнуваат да тестираат лекови од древни медицински ракописи за да го решат проблемот. Тие можеби веќе го откриле решението.
Се чини дека лек стар 1.000 години може да биде успешен онаму каде што не успеваат модерните антибиотици. Овој лек бил најден во книга од средновековна Англија и врз основа на истражувањата, научниците покажале дека мешавината од лук, кромид или праз, жолчка од крава и вино има антисептички својства. Впрочем, оваа мешавина е ефективна во борбата против повеќе опасни бактерии што станале отпорни на современите лекови.
Фото: Freepik
Во минатото рецептот за овој лек се користел за убивање на бактерија позната како златен стафилокок, која предизвикува инфекции на кожата,
респираторни инфекции, труење со храна итн.
Новото истражување водено од Џесика Фурнер-Пардо од Универзитетот во Ворвик ги поддржува резултатите што се забележани во книгата. Тоа покажува дека лекот ефикасно убива и други бактерии што предизвикуваат рани и инфекции и кои стануваат отпорни на антибиотици.
Фото: Freepik
Меѓу другото, истражувачите сметаат дека лекот би можел да се користи за лекување дијабетични инфекции на стапалото. Истражувачите откриле дека состојките во лекот се најефикасни кога се измешани бидејќи одделно не биле ефикасни во убивањето на бактериите.
Ова разбирање на комбинациите на природните производи би можело да доведе до откривање нови начини за создавање антибиотици од растенија.
Автор: Карли Касела
Извор:
sciencealert.com