Виртуелна прошетка низ древниот Рим

Виртуелна прошетка низ древниот Рим

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Роум риборн“ е проект за 3Д-моделирање чија цел е одново да ја создаде архитектурата на градот Рим од 320 година. Таа година е значајна бидејќи населението во Рим тогаш било најмногубројно (околу еден милион жители) и биле изградени првите христијански цркви во градот.


Благодарение на проектот, може да „шетаме“ низ виртуелните улици на овој град, од кој се останати малку траги денес. Целосните виртуелни тури низ древниот Рим може да се најдат тука.






Извор: openculture.com
Насловна фотографија: YouTube