Знаци дека може сте прележале Ковид-19
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Се чувствувавте лошо и имавте проблеми со дишењето? Дали имавте Ковид-19? Еве што велат експертите за скриените знаци дека сте ја прележале болеста.
Сте биле многу болни во февруари
Доколку сте биле настинати пред јануари, веројатно тоа не било Ковид-19, вели Адам Спајвек, доктор за заразни болести од САД. Болеста била присутна низ светот порано од официјалните потврдени случаи, а доколку сте биле болни од средината на јануари до средината на февруари, можно е тоа да било Ковид-19.
Фото: Freepik
Сте имале температура и кашлица, но не било настинка
Доколку сте имале температура и кашлица, а тестот за грип ви бил негативен, тогаш можеби сте имале Ковид-19, вели докторот Спајвек. Оваа година сезоната на грип и Ковид-19 се преклопија.
Одеднаш сте го изгубиле чувството за мирис и за вкус
Се чини дека ова се најспецифичните симптоми на Ковид-19. Според едно истражување спроведено во април, дури 64,4% од луѓето со Ковид-19 го изгубиле чувството за мирис или вкус. Овие симптоми почесто се јавуваат кај Ковид-19 отколку кај другите респираторни вируси, но другите вируси или алергиите може да ги предизвикаат.
Вашите блиски биле заразени
Многу луѓе што се заразуваат со Ковид-19 имаат слаби симптоми или воопшто немаат симптоми. Ова значи дека можеби сте го имале коронавирусот, но не сте знаеле.
Сте имале исип на прстите на стапалата
Според лекарите, некои пациенти имаат виолетови и црвени дамки или рани на прстите на стапалата кои понекогаш чешаат. Ова може да биде знак дека сте го прележале коронавирусот, иако тоа може да биде симптом и за друга болест.
Фото: Freepik
Сте имале треска, болка во мускулите и болки во грлото
Ова се некои од симптомите што докторите неодамна ги додадоа на листата со симптоми за Ковид-19. Тука се наоѓа и главоболката.
Вашето дете имало необичен исип
Има повеќе случаи на исипи кај деца што го прележале Ковид-19, велат од американскиот Центар за контрола на болести. Други симптоми може да бидат висока температура, болка во абдоменот, повраќање, дијареја, болка во вратот и чувство на замор.
Сте имале проблеми со стомакот
Коронавирусот е респираторна болест, но секој пациент нема кашлица или проблеми со дишењето. За некои, дијарејата е прв и единствен симптом, покажува истражување спроведено во март.
Фото: Freepik
Се соочувате со онколошко заболување
Луѓето што живеат со рак имаат 60% поголеми шанси за заразување со
коронавирусот, покажува истражување спроведено во мај во САД. Ризикот бил уште поголем кај пациентите постари од 65 години и кај мажите.
Сте имале мозочен удар
Ризикот за мозочен удар се поврзува со Ковид-19, дури и кај младите пациенти. Постојат знаци дека болеста предизвикува згрутчување на крвта, што може да доведе до мозочен удар.
Сте имале инфекција на окото
Инфекцијата на окото може да биде знак за коронавирус, но ова се случува многу ретко, велат од Американската академија за офталмологија.
Извор:
carikerkajosong.com