Еве каков звук создава феноменот аурора бореалис
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Поларната светлина, позната како аурора бореалис, е еден од најубавите природни феномени на Земјата. Многумина патуваат илјадници километри за да го видат во живо, а се појавува само во северните предели. Но, се чини дека овој феномен може и да се слушне.
Луѓето одамна тврделе дека слушаат звуци кога ја гледаат поларната светлина, но немало многу истражувања кои би ја потврдиле теоријата. Во 2016 г. едно истражување од Финска конечно потврдило дека поларната светлина создава звуци.
Научниците не се сигурни од каде доаѓаат овие звуци, но претпоставуваат дека тие се резултат на електрични полнежи кои се создаваат за време на феноменот.
Во меѓувреме, оние што сакаат да ги слушнат овие звуци може да го сторат тоа со видеото во продолжение, кое било снимено во 2011 г.
Извор:
Mental Floss
Фото: Pixabay