Кавадарци е посебна приказна, место со голема историја, култура и традиција кои имаат големо значење и за Македонија и за македонскиот народ. Тиквешкото Езеро со своите изгрејсонца и зајдисонца, пејзажи, со својата смиреност и мистериозност го прават посебно место и одлична инспирација за фотографирање, вели Ристе
Кавадарци и Тиквешкото Езеро му се прва љубов и најголема инспирација при правењето на фотографиите. Вели дека љубовта кон фотографијата отсекогаш ја имал, но не бил свесен за тоа сѐ додека еден ден случајно не фатил апарат и направил неколку фотографии. Ова е само мала најава за младиот фотограф Ристе Стамаџиев од Кавадарци, кој утре ќе ја отвори својата прва самостојна изложба.
„Идентитетот на времето“ е насловот на изложбата на 22-годишниот Ристе и ќе биде поставена во Музеј-галерија Кавадарци. Со оглед на тоа што 7 септември е Денот на ослободување на Кавадарци, Ристе со своето видување на неговиот роден град преку фотографскиот објектив ќе даде свој придонес во одбележувањето на овој ден.
- Кавадарци е посебна приказна, место со голема историја, култура и традиција кои имаат големо значење и за Македонија и за македонскиот народ. Тиквешкото Езеро со своите изгрејсонца и зајдисонца, пејзажи, со својата смиреност и мистериозност го прават посебно место и одлична инспирација за фотографирање. Ова е мое првенче. Досега не сум имал изложби и затоа возбудата од ден на ден е сѐ поголема. Датумот на изложбата е одбран со симболика, затоа што 7 септември е Денот на ослободувањето на Кавадарци. Затоа се одлучив тематиката на изложбата да биде градот Кавадарци, односно панорамски фотографии од градот - вели Ристе.
Најголема љубов за фотографирање ми претставуваат навивачите
Откако првите фотографии што ги имал направено се покажале добри, Ристе веднаш добил пофалби и совети како да напредува и почнал секој ден да фотографира, па сфатил дека тоа ќе му биде идна професија. Освен локации, Ристе има и друга посебна мета за фотографирање, а тоа се фудбалските навивачки групи кои, според него, носат посебна енергија во себе која излегува од самата фотографија.
- Можеби најголемата љубов за фотографирање ми претставуваат ултрас-движењата и навивачите. Нивните кореографии и пасијата кон клубовите често се мета на мојот објектив и фотографирањето на тие моменти е едно посебно доживување, чувство кое тешко се опишува со зборови. Покрај ова, во моето портфолио има и фотографии со градби, како тврдини, цркви и манастири. Поретко фотографирам луѓе и на изложбата нема да има портрети, но кога ги фотографирам луѓето, секогаш гледам да биде спонтано, без да знаат дека се фотографирани со цел да ги доловам нивните емоции во моментот и нивниот природен изглед - додава Ристе.
Охрид е најфотогеничниот град во Македонија
Ристе е тргнат во мисија да остави зад себе фотографии од македонските градови и многуте скриени убавини што тие ги поседуваат, велејќи: „Сакам тие градски приказни да ги овековечам преку фотографија, која вреди да биде сочувана и пренесувана за идните генерации“. Иако има релативно младо фотографско око, сепак, се обидува на свој специфичен начин да креира една посебна лична карта за нашата држава.
- Дефинитивно Охрид е најфотогеничниот град во Македонија. Не за џабе е наречен втор Ерусалим. Самото Охридско Езеро, сите тие тврдини, цркви и манастири, целата историја што се провлекува низ секое негово камче се инспирација за секој фотограф. Кавадарци е исто така доста фотогеничен град и целта ми е луѓето да го видат градот од повеќе агли во комбинација со природните убавини околу него и прикажан во несекојдневно светло од изгрејсонце и зајдисонце. Многу често го земам апаратот и наменски посетувам локации за да направам фотографии, дури понекогаш и во одреден тајминг со цел да уловам посебни моменти и настани. Многу често ми се случува и додека шетам или се релаксирам да го земам апаратот за секој случај - посочува Ристе.
Голема желба ми е да ги посетам Мароко и Етиопија
Како професионален фотограф, Ристе планира во иднина да ги рашири фотографските крилја и надвор од Македонија. Има низа места кои сака да ги посети и да ги овековечи со неговиот апарат.
- Фотографијата ми е примарна и единствена професија и се надевам дека така ќе остане. Според мене, мислам дека професионален фотограф може да си обезбеди живот во Македонија со својата професија. Голема желба, се надевам не и неостварлива, ми е да ги посетам Мароко и Етиопија, да се запознам со нивната култура, начин на живот, природни убавини и знаменитости и да ги преточам во фотографии. Исто така, поради ултрас, би го пропатувал цел свет, да присуствувам на тие големи натпревари и да можам таа навивачка страст и љубов кон клубот да ги пренесам на фотографија - додава Ристе.
Фото: приватна архива
Прва љубов и инспирација ми се Кавадарци и тиквешкото езеро, вели младиот фотограф Ристе Стамаџиев во пресрет на неговата изложба
Кавадарци е посебна приказна, место со голема историја, култура и традиција кои имаат големо значење и за Македонија и за македонскиот народ. Тиквешкото езеро со своите изгрејсонца и зајдисонца, пејсажи, со својата смиреност и мистериозност го прават посебно место и одлична инспирација за фотографирање – вели Ристе.
Кавадарци и Тиквешкото езеро му се прва љубов и најголема инспирација при правењето на фотографиите. Вели дека љубовта кон фотографијата отсекогаш ја имал, но не бил свесен за тоа се додека еден ден случајно во раце фатил апарат и направил неколку фотографии. Ова е само мала најава за младиот фотограф, кавадарчанецот Ристе Стамаџиев, кој утре ќе ја отвори својата прва самостојна изложба.
„Идентитето на времето“ е насловот на изложбата на 22-годишниот Ристе и ќе биде поставена во локален музеј – галерија Кавадарци. Со оглед на тоа што 7 септемвири е Денот на ослободување на Кавадарци, Ристе со своето видување на неговиот роден град преку фотографскиот објектив, ќе даде свој придонес во одбележувањето на овој ден.
- Кавадарци е посебна приказна, место со голема историја, култура и традиција кои имаат големо значење и за Македонија и за македонскиот народ. Тиквешкото езеро со своите изгрејсонца и зајдисонца, пејсажи, со својата смиреност и мистериозност го прават посебно место и одлична инспирација за фотографирање. Ова е мое првенче. Досега не сум сум имал изложби и затоа возбудата од ден на ден е се поголема. Датумот на изложбата е одбран со симболика, затоа што 7 септември е денот на ослободувањето на Кавадарци. Затоа и се одлучив тематиката на изложбата да биде градот Кавадарци, односно панорамски фотографии од градот најубав – вели Ристе.
Најголемата љубов за фотографирање за мене претставуваат навивачите
Откако првите фотографии што ги имал направено се покажале како добри, Ристе веднаш добил пофалби и совети како да напредува и тогаш почнал секој ден да фотографира со што сфатил дека тоа ќе му биде и идна професија. Покрај локации, Ристе има и друга посебна мета за фотографирање, а тоа се фудбалските навивачки групи, кои според него носат посеба енергија во себе која излегува од самата фотографија.
- Можеби најголемата љубов за фотографирање за мене претставуваат ултрас - движењата и навивачите. Нивните кореографии и пасијата кон клубовите често се мета на мојот објектив и фотографирањето на тие моменти е едно посебно доживување, чувство кое тешко се опишува со зборови. Покрај ова, во моето портфолио има и фотографии со градби како тврдини, цркви и манастири. Поретко фотографирам луѓе и на изложбата нема да има портрети, но кога ги фотографирам луѓето секогаш гледам да биде спонтано, без да знаат дека се фотографирани со цел да ги доловам нивните емоции во моментот и нивниот природен изглед – додава Ристе.
Охрид е најфотогеничниот град во Македонија
Ристе е тргнат на мисја да остави зад себе фотографии од македонските градови и многуте скриени убавини што тие ги поседуваат, велејќи „Сакам тие градски приказни да ги овековечам преку фотографија, која вреди да биде сочувана и пренесувана за идните генерации“. Тој иако има релативно младо фотографско око, сепак се обидува на свој специфчен начин да креира една посебна лична карта за нашата држава.
- Дефинитивно Охрид е најфотогеничниот град во Македонија. Не за џабе е наречен втор Ерусалим. Самото Охридско езеро, сите тие тврдини, цркви и манастири, целата историја која се провлекува низ секое негово камче се инспирација за секој фотограф. Кавадарци е исто доста фотогеничен град и целта ми е луѓето да го видат градот од повеќе агли во комбинација со природните убавини околу него и прикажан во несекојдневно светло од изгрејсонцето и зајдисонцето. Многу често го земам апаратот и наменски посетувам локации за да направам фотографии, дури понекогаш и во одреден тајминг со цел да “уловам” посебни моменти и настани. Многу често ми се случува и додека шетам или се релаксирам да го земам апаратот за секој случај – посочува Ристе.
Голема желба ми е да ги посетам Мароко и Етиопија
Како професионален фотограф Ристе планира во иднина да ги рашири „фотографските крилја“ и надвор од Македонија. Има низа на места кои тој сака да ги посети и да ги овековечи со неговиот апарат.
- Фотографијата ми е примарна и единствена професија и се надевам така и ќе остане. Според мене, мислам дека професионален фотограф може да си обезбеди живот во Македонија со својата професија. Голема желба, се надевам не и неостварена, ми е да ги посетам Мароко и Етиопија, да се запознаам со нивната култура начин на живот, природни убавини и знаменитости и истите да ги преточам во фотографии. Исто, поради Ултрас би го пропатувал цел свет, да присуствувам на тие големи натпревари и да можам таа навивачка страст и љубов кон клубот да ја пренесам на фотографија – додава Ристе.