Дали знаете како доаѓаат на свет полжавите?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Полжавите се чест предмет на фасцинација во детството, а децата обожаваат да ги набљудуваат. Но, дали некогаш сте виделе штотуку родено полжавче?
Полжавите спаѓаат во групата мекотели. Имаат глава во која се всадени очите и пипалата, а многу од нив имаат цврст заштитен оклоп познат како школка. Како тие се раѓаат и дали се раѓаат со школката?
Полжавот излегува од јајце. Јајцето се положува под површинскиот слој на земјата или во случајот на морските полжави сместено е во заштитено подрачје, како што се карпите. Обично се потребни две до четири недели за да пукне лушпата и да се појави полжавот.
Полжавите се раѓаат во своите лушпи, но тие првично не изгледаат онака како што ги знаеме. Првата „куќарка“ на малечкото полжавче е безбојна и многу мека. Поради тоа, полжавот мора да внесе многу калциум, а првиот оброк богат со калциум му е самата лушпа од јајцето од која се изведува.
Како што полжавот продолжува да расте, расте и неговата школка. Полжавот создава нов материјал од кој се „гради“ школката, која потоа се стврднува. Делот од лушпата со која се раѓа полжавот останува во центарот на спиралата која расте заедно со полжавот, а бројот на прстени се зголемува со бројот на годините на полжавот.
Фото: Pixabay