Пишувањето со рака е битно за учењето и помнењето, велат истражувачите

Пишувањето со рака е битно за учењето и помнењето, велат истражувачите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Учениците од разни возрасти сè повеќе се потпираат само на дигиталните уреди при учењето. Пишувањето со рака полека се отфрла во многу училишта низ светот во кои фокусот во учењето е ставен на дигиталните вештини. Меѓутоа, има сè повеќе докази дека неучењето на пишувањето со рака може да го попречи учењето и помнењето.

Ново истражување спроведено на Норвешкиот универзитет за науки и технологија го покажува значењето на „старомодното“ пишување со рака во ова модерно време на компјутери. Според истражувачите, пишувањето со рака му помага на мозокот подобро да учи и помни дури и доколку учениците користат дигитални пенкала и пишуваат на компјутерски екран.


Фото: Pixabay

Одри ван дер Мир, професор по невропсихологија на универзитетот, вели дека некои училишта во Норвешка се дигитализирани и повеќе не бараат од учениците да пишуваат со рака, а финските училиште се уште повеќе дигитализирани од норвешките. Ова може да доведе до губење на способноста за пишување со рака кај цели генерации.

Во истражувањето се анализирала мозочната активност кај 12-годишни деца и тинејџери додека пишувале со рака, на тастатура или цртале со дигитално пенкало на екран или обично пенкало на хартија. Анализата покажала дека пишувањето со рака го подготвува мозокот за учење и стимулира поголема електрична активност во региони од мозокот што се важни за помнењето и учењето.

Истражувачите заклучуваат дека е најдобро децата и тинејџерите да поминуваат време пишувајќи на тастатура и пишувајќи или цртајќи со рака за најдобри резултати.

Автор: Кристофер Бергланд
Извор: psychologytoday.com