Куче-робот испратено во Чернобил за да открие колкава е радијацијата

Куче-робот испратено во Чернобил за да открие колкава е радијацијата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Од следење на физичката дистанца на посетителите во парк во Сингапур, до пасење овци во Нов Зеланд и навивање за бејзбол-тим во Јапонија, роботот наречен „Спот“, развиен од американската роботска компанија „Бостон дајнемикс“, успеа да ги демонстрира неговите способности при еден куп разновидни задачи.

Сега, истражувачите од Централното претпријатие за управување со радиоактивен отпад и Универзитетот во Бристол го испратија роботското куче во нуклеарната централа во Чернобил за да ја тестираат неговата способност за работа под услови на зрачење. Роботското куче ја истражува областа околу нуклеарниот реактор број четири во Чернобил, кој беше уништен во катастрофата во 1986 година.

Откако експериментирале со разни уреди, тие се одлучиле за „Спот“ поради неговата агилност при движење на различен терен. За време на мисијата роботот беше придружуван со дронови, роботски системи, како и сензори-скенери кои биле користени за процена на дистрибуцијата на радиоактивни материјали во оваа област.

Неговата мисија вклучувала истражување на Црвената Шума, која зафаќа површина до 10 квадратни километри околу електричната централа во Чернобил. Роботот може сам да направи неколку инспекции и може да се движи низ непријателски средини, на пример, високо радиоактивната поранешната централа. Исто така, може да скенира голема површина за да се обезбедат 3Д-слики и мапи за дистрибуција на радионуклиди.

Роботското куче успеа да влезе во високо радиоактивната зона без проблем, за разлика од другите уреди што се распаднале поради радиоактивноста.



Извор: Inceptivemind.com
Фото: Boston Dynamics