Парче од Месечината кружи околу Марс, покажува ново истражување
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Според ново истражување, едно парче од нашата Месечина во моментов кружи околу Марс. Во орбитата на Марс има астероид наречен (101429) 1998 ВФ31, за кој научниците од опсерваторијата и планетариумот „Армаг“ во Северна Ирска сметаат дека порано ѝ припаѓал на Месечината.
Научниците заклучиле дека астероидот има многу сличен состав со Месечината, па затоа се сомневаат дека станува збор за дел што се одделил од Месечината при удар во минатото и останал заробен од гравитацијата на Марс.
Според научниците, кои своите откритија ги објавиле во
истражување, хемиските карактеристики на астероидот се многу слични со оние на Месечината. Истражувачот Галин Боризов додава дека формата на астероидот одговара на вдлабнати делови од Месечината.
Истражувањето не ја исклучува можноста дека астероидот порано бил дел од Марс или е астероид од друг дел од
вселената што е многу сличен на Месечината, но не може да се игнорира сличноста со нашиот природен сателит. Освен тоа, турбулентното минато на нашиот Сончев Систем ја прави реална можноста астероидот навистина да е дел од Месечината.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com