Слушнете како звучат милиони пеперутки

Слушнете како звучат милиони пеперутки

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пеперутката монарх е еден од највозбудливите видови на планетата. Секоја зима се случува масовна миграција на милиони пеперутки монарх до Мексико и Калифорнија. За жал, некои не успеваат, но оние што успеваат можат да се релаксираат и да се регенерираат на топлото сонце пред да се вратат дома напролет.

Фил Торез, водител од „Џангл дајарис“, го постави прашањето: „Колку пеперутки се потребни за да направат врева во шумата?“ Одговорот е неколку милиони. Една пеперутка едвај се слуша, но кога неколку милиони мавтаат со крилјата, создаваат прекрасен звук. Токму тој го снимил звукот на рој пеперутки во мексиканска шума додека се собирале во групи на дрвја и покривале цели гранки и лисја.

Колективното движење на пеперутките Торес го нарекува „водопад“ бидејќи со мавтањето на крилјата создаваат смирувачки звук сличен на звукот на вода што паѓа.

Пеперутката монарх е загрозен вид бидејќи популацијата продолжува да опаѓа - пад од 26 отсто во споредба со минатогодишниот број. Закана за нивниот опстанок претставуваат пестицидите, климатските промени, урбанизацијата и нелегалната сеча на шумите. Гасениците од пеперутките монарх јадат само млечна трева, но растението е уништено од зголеменото прскање со хербициди и други токсични хемикалии.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikimedia Commons