Книга за шпанскиот грип - исто сценарио во 1918 и денес со коронавирусот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Колку и да сакаме да веруваме дека нашата цивилизација многу напредувала во текот на минатиот век, некои работи веројатно секогаш ќе останат исти. Ова може да вклучува луѓе што ги негираат вистинските лекови и вакцини или мислат дека знаат за вирусите и болестите повеќе од самите доктори што учеле за нив со децении.
Историјата покажува дека за време на пандемијата од
шпански грип во 1918 година луѓето се справувале со многу слични проблеми како ние денес.
- Читав за пандемијата во 1918 година и овој параграф ми падна в очи - пишува Хесус Хименес, репортер на „Далас морнинг њуз“, на неговиот твитер-профил, споделувајќи извадок од книгата.
„Невозможно е да се процени колку смртни случаи предизвикаа лагите. Невозможно е да се процени колку млади мажи загинале затоа што армијата одбила да ги следи советите на својот генерален хирург. Но, додека оние што се на власт ги уверуваа луѓето дека станува збор за грип, само грип, ништо поразличен од обичниот „ла грип“, барем некои луѓе мора да им верувале, некои луѓе се изложиле на вирусот на начин на кој не би се изложиле и некои од нив умреле. И стравот навистина ги уби луѓето“.
Интернет-корисниците не беа изненадени што историјата се повторува.
- Исто така, советот на хирургот беше да се носат маски и да се одржува растојание. Не се промени ништо - коментира еден интернет-корисник.
- Како што вели поговорката - оние што не учат од историјата, се осудени да ја повторат - пишува друг.
Фото: Instagram
Извадокот е од книгата „Големиот грип“ на Џон М. Бари, објавена во 2004 година.