Кодови за гледање на сите скриени божиќни филмови на „Нетфликс“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Декември е, па може да го почувствувате празничниот дух. Нема подобар начин за тоа од уживање на каучот гледајќи добар филм.
Популарната платформа „Нетфликс“ нуди богата празнична содржина, но поголемиот дел од овие
филмови и серии се скриени, а вам ви се понудени само некои опции врз основа на она што сте го гледале претходно. За среќа, има начин како да ги видите овие филмови, а тоа е преку кодовите што ќе го направат пребарувањето полесно.
Платформата ги категоризира сите жанрови по кодови, а сè што треба да направите е да го внесете вашиот код во URL-адресата веднаш по овој дел: http://www.netflix.com/browse/genre/.
Овие кодови функционираат само на веб-страницата на „Нетфликс“, а не и за телефоните и телевизорите. Во продолжение следува листа со празнични жанрови со соодветните кодови.
Британски божиќни детски и семејни филмови - 1527064
Канадски божиќни детски и семејни филмови - 1721544
Божиќни детски и семејни филмови - 1474017
Божиќни филмови за деца од 5 до 7 години - 1477201
Божиќни филмови за деца од 8 до 10 години - 1477204
Божиќни филмови за деца од 11 до 12 години - 1477206
Божиќни детски и семејни филмови од 90-тите години - 1476024
Европски божиќни детски и семејни филмови - 1527063
Позитивни божиќни детски и семејни филмови - 1475066
Смешни божиќни детски и семејни филмови - 1475071
Романтични божиќни филмови - 1394527
Автор: Џејкоб Стулворти
Извор:
independent.co.uk
Насловна фотографија:
Pixabay