Научници откриваат колку долго ќе постои Земјата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Како што старее централната ѕвезда на нашиот Сончев Систем, така нејзиниот животен циклус ќе предизвика уништување на нашата планета.
Колку време има Земјата пред Сонцето да ја проголта? Очекувано време на смрт: за неколку милијарди години. Сепак, животот на Земјата ќе исчезне многу пред тоа.
Земјата ќе стане невозможна за живот за повеќето организми по околу 1,3 милијарди години поради природната еволуција на Сонцето, проценуваат експертите од веб-страницата „Лајфсајнс“.
Крајот на животот на нашата планета е неразделен од еволуцијата на Сонцето.
- Земјата веројатно има 4,5 милијарди години пред Сонцето да стане голем, црвен џин и да ја проголта - вели Рави Копарапу, планетарен научник во вселенскиот центар Годард на НАСА.
Црвените џинови се формираат во последната фаза од ѕвездената еволуција, кога ѕвездата останува без водород како гориво за нуклеарна фузија и почнува да умира, според Европската вселенска агенција. Откако фузијата ќе престане, гравитацијата го „зема главниот збор“. Јадрото на хелиумот ќе почне да се компресира под влијание на гравитацијата, а тоа ќе ја зголеми температурата. Скокот на температурата ќе предизвика надворешниот плазма-слој на Сонцето драматично да се прошири.
Но, Земјата веројатно нема да издржи до тие 4,5 милијарди години и тоа не би била Земјата каква што ја знаеме денес.
- Не е неопходно да се чека надворешните слоеви на Сонцето да стигнат до Земјата. Планетата ќе стане премногу жешка пред нашата ѕвезда да се трансформира во црвен џин. Како што Сонцето ја зголемува температурата, океаните ќе испаруваат, атмосферата на крајот ќе исчезне, а потоа ударот ќе ја распарчи гравитацијата на Сонцето. За приближно 1,3 милијарди години, луѓето нема да можат физиолошки да преживеат на Земјата поради сè потоплите и повлажни услови. Океаните би можеле да испарат за околу 2 милијарди години, кога сончевата светлина ќе биде за 20 отсто посилна од денес - објаснува Копарапу.
- На луѓето и на сите видови сложени организми им треба многу за да преживеат. На пример, кај луѓето, скокот на телесната температура од само 3,3 степени може да биде опасен за живот - вели Родолфо Гарсија, докторанд по астрономија и астробиологија на Универзитетот во Вашингтон.
- Кога станува збор за човечкиот живот, следните 100 години ќе бидат многу интересни - додава тој.
Фото: Screenshot/YouTube