По 1.700 години, откриено вистинското лице на Дедо Мраз
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Извонредните нови високотехнолошки фотографии го откриваат лицето на вистинскиот лик кој го инспирирал концептот на Дедо Мраз, по повеќе од 1.700 години откако првпат го развеселил Божиќ.
Научниците користеле податоци од черепот на свети Никола од Мира, чија наклонетост кон подарувањето ја поттикнало легендата за Дедо Мраз, за форензички повторно да го создадат неговиот лик.
На фотографијата може да се види светецот прикажан со широко чело, тенки усни и заоблен нос, вели главниот автор на истражувањето, Цицеро Мораес.
Фото: Cicero Moraes
Св. Никола умрел во 343 година, долго пред некој да може да фотографира, па 3Д-сликите откриваат дека неговото лице е силно и истовремено нежно.
- Черепот има робустен изглед, создавајќи силно лице, со оглед на тоа што неговите димензии на хоризонталната оска се поголеми од просекот. Оваа карактеристика, во комбинација со густата брада, потсетува на фигурата што ја имаме на ум кога размислуваме за Дедо Мраз - вели Цицеро.
Св. Никола од Мира, познат по тоа што ги наградувал само децата кои се однесувале добро, прво бил инспирација за холандскиот народен лик Синтерклас, кој подоцна станал познат како весел старец кој вози санка и носи играчки за децата во САД.
Фото: Cicero Moraes
Мораес бил изненаден кога открил дека научно создадените слики се совпаѓаат со раните описи на Дедо Мраз во литературата, како поема од 1823 година која ги опишува неговите розови образи, широко лице и нос како цреша.
Проучувањето на посмртните останки на светецот открило дека тој страдал од хроничен артритис на 'рбетот и карлицата и имал дебел череп кој веројатно му предизвикувал чести главоболки. Научниците откриле и дека светецот јадел храна главно базирана на растенија.
Извор:
Nypost.com
Фото: Cicero Moraes/Pen News