Билјана Стојкоска е во 2 отсто светски научници според „Стенфорд“, интервју со д-р Горан Кунгуловски... Што пишувавме минатата недела

Билјана Стојкоска е во 2 отсто светски научници според „Стенфорд“, интервју со д-р Горан Кунгуловски... Што пишувавме минатата недела

Битолските пожарникари и празниците: Новата година ја дочекале кај домаќини на кои им се запалил оџакот, гаснеле запалени елки, соларни уреди, барале исчезнати лица

Дежурствата за Нова година се како секоја друга вечер. На смена се по 12 часа, од 19 до 7 наутро. Но, повеќе се ангажирани зашто има огномети, прослави, сообраќајни несреќи, поднапиени луѓе. А за празници се случувало и да тргнат во потрага по повозрасни лица пријавени за исчезнати


Интервју со д-р Горан Кунгуловски: „Доколку се обезбедат пари за понатамошни испитувања, за 5 години кој било тип рак во кој било стадиум ќе го откриваме преку анализа на крвта“

Тестот што го развива Fingerprint Diagnostics, компанија чиј примарен фокус е раната детекција на болести, е минимално инвазивен. Се земат само неколку милилитри крв и за неколку недели пациентот добива резултат кој кажува дали е детектиран сигнал на рак или не. Ако резултатот е „да“, тогаш кажува со висока прецизност од кој орган потекнува, вели д-р Горан Кунгуловски во интервјуто за Факултети.мк.


Билјана Стојкоска е рангирана во 2 отсто светски научници според „Стенфорд“: „Да се биде научник не е професија, тоа е начин на живот“

Родовата еднаквост во научната средина е доволно долго присутна во нашето општество, дури и многу подолго во споредба со некои високоразвиени земји. И оние стереотипи што постоеја во минатото - дека има „машки“ професии, мислам дека во моментов се комплетно надминати. Бројот на студентки што студираат на ФИНКИ само го потврдува ова, истакнува професорката и научник Билјана Стојкоска