Две клучни навики што ги поседуваат ментално силните луѓе

Две клучни навики што ги поседуваат ментално силните луѓе

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека некои луѓе и покрај стресот, успеваат да бидат силни, без да го потрошат целиот свој капацитет. Која е нивната тајна и дали навистина е едноставно?

Верувале или не, сè се сведува на само две едноставни навики применливи во секојдневниот живот. Имено, клучот за менталната сила е добриот и квалитетен однос кон себеси бидејќи кога ќе се „спријателиме“ сами со себеси, ќе бидеме најдобрата можна поддршка за другите.

Поставување здрави граници


Ментално силните луѓе разбираат дека „да се биде тука за другите“ не е исто што и да се биде достапен 24 часа на ден или да се реши секој проблем за нив. Тие го ценат своето време, и уште поважно, знаат дека границите се клучот за да не изгорат во желбата да помогнат. Тие се мајстори на фразата „не, ама...“ и често велат: „Не, ама можам да предложам некој што ќе ти помогне“ или „Не, ама можам да ти помогнам кога ќе имам повеќе време“. На тој начин одржуваат рамнотежа помеѓу поддршката и самопочитта.

Време посветено на осаменоста и размислувањето


Зад мирните и стабилни луѓе често се кријат моменти на самотија. Ментално силните луѓе редовно се повлекуваат во тишина за да ги наполнат батериите, да размислат за своите чувства и да одлучат што понатаму. За некого тоа значи утринска прошетка, за друг пишување дневник или вечер со книга.

Овие две навики ги прават емотивно достапни и истовремено ментално независни. Знаат да кажат „не“ кога е потребно, а исто така, без чувство на вина, знаат да одвојат време за себе.

Токму поради овие навики, овие луѓе често зрачат со смиреност и стабилност.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik