Книгите го намалуваат стресот и го подобруваат сонот

Книгите го намалуваат стресот и го подобруваат сонот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Истражување во кое учествувале повеќе од 3.600 учесници покажа дека читањето книги може да го зголеми животниот век. Читателите на книги имале 20 отсто намалување на ризикот од смртност во текот на 12-годишното следење, во споредба со оние што не читале.

Читањето е важно затоа што промовира ментално, емоционално, па дури и физичко здравје. Истовремено го смирува и стимулира мозокот. Плус, кога читате со вашето дете, тоа ви помага да изградите силна врска, а тоа не се единствените здравствени придобивки од читањето.

Борба против стресот


Една од најголемите придобивки од читањето е неговата способност да го намали стресот и да промовира смирувачка средина. Како медитацијата, јогата и шетањето на отворено, и читањето е моќен начин за управување со стресот и е еден од најдобрите начини што предизвикува среќа.

Неколку истражувања го докажуваат тоа, вклучително и она што покажува дека заедничкото читање родител-дете го намалува стресот на родителот и позитивно влијае врз односот родител-дете.

Со добра книга до помалку стрес


Друго истражување покажува дека читањето на Библијата го ублажува односот помеѓу стресот и надежта и им помага на луѓето да се потпрат на добронамерни одговори кога се соочуваат со различни предизвици. Само 6 минути читање дневно може да го намали стресот за 68 отсто.

Емпатија и разбирање


Читањето може да направи и да имате повеќе разбирње и да бидете сочувствителни. Ви овозможува се ставите на нечие место и го проширува вашето знаење за светот.

Екран или хартија


Постојат некои истражувања кои ги анализираат ефектите од читањето книги наспроти читањето од екранот на различни уреди пред спиење.

Иако некои податоци не покажуваат разлика меѓу двете во навиките за спиење, истражување објавено во „Слип медисин“ покажа дека читањето од екран ја намалува субјективната поспаност.

Исто така, истражувачите заклучија дека читањето навечер од екран наместо хартија може да има последици во однос на будноста, деноноќната физиологија и спиењето, па затоа треба да се држите до читање класични книги пред спиење.

Подобар сон

Читањето пред спиење е поврзано со подолг сон. Родителите на 62 четиригодишни деца пополнија прашалник за фреквенцијата на читање пред спиење и други варијабли за спиење. Податоците покажуваат дека читањето пред спиење е значително поврзано со подолго траење на вкупниот ноќен сон. Исто така, читањето го подобрува квалитетот на сонот кај децата од предучилишна возраст.

Друго истражување покажа дека замената на 50 отсто од времето поминато пред екранот со читање книги го подобрува квалитетот на сонот кај децата.

2
Фото: Freepik

Когнитивно здравје

Читањето го одржува вашиот ум ангажиран, може да ја подобри функцијата на мозокот и помага да се спречи когнитивното опаѓање поврзано со возраста.

Истражување објавено во списанието „Ејџ“ сугерира дека секојдневниот „ментален тренинг“ може да ја подобри функцијата на мозокот кај возрасните. Исто така, податоците покажуваат дека гласното читање реченици може да помогне во подобрување на меморијата.

Друго истражување покажа дека читањето ги зајакнува областите на мозокот одговорни за обработка на јазикот и може да има позитивен ефект врз сетилните и моторните функции.

Долговечност


Истражувањата ја истакнуваат врската помеѓу читањето и долговечноста. Според едно истражување објавено во списанието „Соушал сајнс енд медисин“, читањето книги придонело за придобивки за преживување и намалување на смртноста во одредени ризични животни ситуации.

Се разбира, намалувањето на стресот, подобрувањето на спиењето и зајакнувањето на функцијата на мозокот се сите важни придобивки од читањето кои можат да го подобрат животниот век и целокупното здравје.

Проширување на знаењето

Книгите се богат извор на информации за огромен број теми, обезбедувајќи им на читателите знаење што може да се примени во различни аспекти од животот. Истражувањата покажуваат дека читањето ја проширува базата на знаење, придонесувајќи за поголема општа интелигенција и подобро разбирање на светот. Читањето или изложувањето на книги е поврзано со поголем вокабулар, општо знаење и вербални вештини. Исто така придонесува за зголемување на општите знаења и апстрактните вештини за расудување.

Создавање рутина

Секој тип читање е корисен за вашето емоционално, ментално и физичко здравје. Можете да читате романи, списанија, весници и дигитални написи од вашиот телефон или таблет.

Исто така, можете да го изберете жанрот на литература што најмногу ви се допаѓа: од историски до биографски, духовен, самопомош или фикција. Изберете што ви носи радост и ви овозможува да се опуштите.

Обидете се да создадете рутина за читање до која се придржувате секој ден. Можеби тоа значи читање 30 минути наутро додека уживате во шолја кафе или чај, или читате за време на паузата за ручек или пред спиење како дел од вашата попладневна рутина.

Подобрување на концентрацијата и менталното здравје


Читањето бара постојано внимание, што помага да се подобри концентрацијата и фокусот. Редовните читатели покажуваат подобра концентрација и когнитивна издржливост во споредба со оние што не читаат.

Читањето може да биде и форма на ментално бегство и релаксација, намалувајќи го стресот и анксиозноста.

Библиотерапијата, или терапевтската употреба на книги, се покажа дека ги подобрува резултатите од менталното здравје преку обезбедување чувство на удобност и разбирање.

Извор: Rts.rs
Фото: Freepik