Погледнете го официјалниот трејлер на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“
На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, продукцијата „Сестри и Брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер.
Тој е изработен од страна на агентот за продажба „Пирамид“ од Франција, кој е најсилниот во моментов и кој застанува зад филмови што ја одбележуваат врвната европска кинематографија.
Инаку, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабораторијата и музиката во Белгија, Франција и во Словенија.
Утре почнува престижниот филмски фестивал Берлинале, а за нашиот претставник за „Златна мечка“, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, има закажано 8 проекции!
Билетите се веќе распродадени, а целата македонска екипа заминува за Берлин со надеж за освојување на престижната награда.
Уживајте во неколку ексклузивни фотографии од „зад сцената“ во текот на снимањето на филмот, направени од страна на фотографот Сашо Н. Алушевски.