Запеал песна од Бон Џови во парк и направил голема промена
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дури и да не го сакате Џон Бон Џови, сигурно можете да отпеете барем дел од неговите најголеми хитови, како „Livin' on a prayer“.
Песната е популарна со децении и постојано се пее по баровите и клубовите ширум светот.
На „Јутјуб“ се појави видео во кое човек во парк во Лондон започнува да ја пее песната сам, а потоа му се придружуваат и останатите луѓе од околината. За момент се прави неверојатно позитивна атмосфера. Матеј Притержник, кој го објавил видеото, напишал во коментар на „Јутјуб“ дека го снимил магичниот момент само за да го запомни, а го споделил онлајн за да пренесе голема порака - дека еден човек може да направи големи промени.
Фото: „Јутјуб“