Фотограф успеа да ја долови убавината на снегулките со највисока резолуција досега

Фотограф успеа да ја долови убавината на снегулките со највисока резолуција досега

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Нејтан Мирволд е познат фотограф и е првиот што успеа да направи фотографии со највисока резолуција од снегулки.

Фотографиите успешно ја фатија неповторливата молекуларна структура со зачудувачка боја и длабочина. За  да се направи тоа, потребна е специјална опрема. Нејтан вели дека 18 месеци го создавал фотоапаратот и тврди дека успеал да направи фотографии од снегулки во највисока резолуција на светот.

1

Проблемот со топењето бил еден од најголемите предизвици за Мирволд. Како човек што поседува докторат по теоретска математика и физика од Универзитетот „Принстон“ и служел како главен директор за технологија во „Мајкрософт“ речиси 14 години, тој немаше проблем.

- Снегулките се одличен пример за скриена убавина. Водата е доста непозната кога се гледа на различен начин - вели тој.

snegulki

За да создаде многу детали, секоја конечна фотографија претставува збир од стотици снимки, направени со брзина од 500 микросекунди.

Извор: Good News Network
Фото: Modernist Cuisine Gallery, LLC